- Advertisement -
- SHOE DOG
Инспиративна приказна за основачот на Nike, Фил Најт. Млад човек од Орегон, увозник на јапонски патики за кој никој не можеше да претпостави дека ќе ја уништи доминацијата на Адидас и Пума, дотогаш неприкосновени владетели во спортската индустрија. Книгата одлично покажуба како Фил решава проблеми, како се снаоѓа и како носи важни одлуки.
- CAN’T HURT ME
Дејвид Гогинс, човекот кој успеа да ги избрише сите граници и од дебел човек кој се плашел од се станал еден од најподготвените луѓе на планетата. Завршил неколку елитни програми на американската војска како што се Navy SEAL, Army Ranger и Air Force Tactical Air Controller. Во книгата открива како може да се надвладеат стравовите, како да се остварат зацртаните цели и како тој успеал во се што направил. - WAY OF THE WOLF
Книгата која на напиша Џордан Белфорд според која е снимен филмот Wolf of Wall Street е практичен водич како да ги подобрите продажните резултати. Тоа е таа “добитна формула“ со која ги едуцирал своите врабтени кога постигнувале резултати на пазарот на капитал. Книгата содржи навистина добри и корисни совети и препрачлива за сите кои се занимаваат со продажба но и оние кои ништо не знаат за продажба. - HOW TO WIN AT THE SPORT OF BUSINESS
Марк Кубан дели многу едноставни совети за тоа како да се успее во бизнисот. Кратка и прецизна книга полна со одлични совети. - TRUST ME, I’M LYING
Книгата советува како да комуницирате со медиуми, но и како функционираат медиуми во денешниот свет. Авторото Рајан Холидеј на многу едноставен начин и со приери опишува како да се снајдете во тој свет. - PREDICTABLY IRRATIONAL
Одлична книга на Дана Ариела по многу обиди и експерименти да го сфати човековото однесување. Во книгат апреку бројни примери покажува како функционира и како може да се превиди „непредвидливото“ човеково однесување. Овие совети можат да им користат многу на сите кои се занимаваат со маркетинг. - DOTCOM SECRETS
Расел Брансон издаде неколку книги за дигитален маркетинг. Во книгата разработува неколку одлични процеси од разработка на идеја и приказна до нивно ставање во продажна функција. - THE OBSTACLE IS THE WAY
Мотивациска книга која објаснува кои се тие препреки кои кои не движат напред и намето да бегаме од нив како да ги искористиме за да напредуваме. Во книгата авторот преку неколку супер интересни примери од историјата покажува кои се тие препреки поради кои всушност постигнуваме одлични резултати. - BUYOLOGY
Книга на Мартин Линдстром која се обидува да го објасни размислувањето на луѓето, дава податоци од многуброји истражувања и примери од супер маркетинг кампањи од цел свет. - FLIP THE SWITCH
Книга која ќе ве потсети како функционира светот и како треба на него да гледате за да остварите неверојатни резултати. „Скршеното стакло повеќе не е важно – не може да се поправи. За да одиме напред треба да го замениме или да продолжиме да одиме напред“. Во секоја негативна ситуација може да се најде нешто позитивно и о дтие ситуации може да научиме лекции.Извор – Пословни Пулс
- Advertisement -