Бранко Роглиќ купува романска компанија со 2.000 вработени

- Advertisement -

Ниту месец и пол откако најави дека Orbico Grоup годинава планира нова голема аквизиција, Бранко Роглиќ ја оствари својата намера. Orbico склучи битна зделка на романскиот пазар и стекна мнозински удел во компанијата Interbrands Marketing & Distribution, водеќки тамшен дистрибутер за моќни глобални брендови како што се British American Tobacco, Philipa Morris, Procter & Gamble, Nestle…

Станува збор за компанија со 2.000 вработени и годишни приходи од 200 милиони евра. Од Orbicо дозанаваме дека процесот на преземање ќе се одвива во повеќе фази откако потпишале договор за купопродажба со Holson Ltd. Вредноста на зделката не ја откриваат затоа што треба да биде одобрена од анимонополските агенции задолжени за пазарите на Романија, Србија и Македонија.

- Advertisement -

Сопственикот на Orbicо, Бранко Роглиќ, неодамна откри дека по очекуваните 2 милијарди евра приходи минатата година, оваа година целта му е 2,3 милијарди. На хрватската компанија, која се претвори и во европски „капиталец“, во достигнувањето на овие амбициозни цели и помага и Белорусија, пазар кој го отворија лани во ноември. Таму, најави Роглиќ, дека сакаат дополнително да го зајакнат бизнисот.

 

Сподели!
- Advertisement -