Кинезите успеаја да изртат семиња од памук на Месечината

- Advertisement -

Кинеските научници кои учествуваат во мисијата на темната страна од Месечината го постигнаа она што на многумина не им успева ни на Земјата. Ако се суди според нивните снимки и извештаи, Кинезите успеаја на темната страна од Месечината да изртат семиња. Според првичните информации, успеале да изртат семе од памук.

Иако е прерано да се каже дали ќе преживее и ќе израсне во растение, Кинезите веќе го слават овој историски потфат – првиот успешен биолошки експеримент на површината на Месечината. Во леталото Chang’e 4 Кинезите на темната страна на Месечината во посебно направени контејнери испратија компир, маслодајна репка и семиња од други растенија за да проверат дали може да се одгледуваат растенија од Земјата на други планети.

- Advertisement -

Изборот на растенија кои се испратени на Месечината не е случаен. Избрани се такви на кои не им треба многу простор за да растат, можат да поднесат екстремни температури и се отпорни на радијација. Научниците внимателно ќе го следат растот на билките во услови на слаба гравитација и силна радијација.

Како што објавија, растенијата можат да произведат храна, но и кислород посебен за преживување на човечкиот екипаж. Ако експериментот се покаже успешен, во иднина Месечината ќе може да служи како база за снабдување со храна на патот до Марс и други планети.

Сподели!
- Advertisement -