Јапонска компанија испрати сателит во вселената кој ќе го направи првиот вештачки дожд од метеори во светот

- Advertisement -

Јапонската компанија Astro Live Experiences (ALE), со седиште во Токио, испрати сателит во вселената со задача да го направи првиот вештачки дожд од метеори во светот. Леталото, кое има големина на голем ранец, е испратено во орбитата прикачено на ракетата Epsilon Rocket #4 на јапонската агенција за истражување на вселената.

Овој сателит ќе ги постави основите за да се создаде вештачки дожд од ѕвезди кои паѓаат уште на почетокот на 2020 година. Металните листови поставени на сателитот, кои имаат дијаметар помал од 2,5 см, ќе согорат во орбитата на Земјата во одредено време, во зависност од барањата на клиентите кои ќе платат за да добијат дожд од метеори.

- Advertisement -

Засега не се открива цената, но се очекува дека ќе се движи некаде околу 9 милиони долари. Од ALE тврдат дека нивниот вештачки дожд ќе биде поубав од вистинскиот, ќе трае подолго и ќе биде поинтензивен.

Првиот метеорски дожд е планиран да се случи на почетокот на 2020 година над Јапонија и да може да го видат околу 6 милиони луѓе. Компанијата тврди дека ќе може да го видат на растојание од 100 км во сите правци.

Сподели!
- Advertisement -