Tesla планира да отпушти 7% од вработените

- Advertisement -

Компанијата Tesla, производител на електрични автомобили и соларни панели, соопшти дека планира да го намали бројот на вработени за околу 7% и наведе дека и претстои тежок пат.  Тоа го истакна основачот и директор на Tesla, Илон Маск, во имејл кој го испрати до своите вработени.

Тој напиша дека компанијата се надева дека ќе оствари мала добивка во овој квартал, но и дека после мнатогодишното зголемување на работната сила за 30% не може да го одржи тој број на вработени. Маск во порака на Twitter изјави дека Tesla има 45.000 вработени, па намалувањето од 7% значи отпуштање на 3.100 луѓе.

- Advertisement -

Акциите на компанијата паднаа бидејќи се намали цената на возилата за 2.000 долари и објавија податоци за продажба во четвртиот квартал кои се полоши од предвидувањата на Волстрит.

„Нашите производи се премногу скапи за најголем дел од луѓето“ рече Маск во дописот до вработените и додаде дека компанијата мора да работи повеќе, но укажа и дека произведуваат автомобили само десет години и се соочуваат со големи конкуренти.

- Advertisement -

Tesla соопшти дека испорачала повеќе од 245.000 електрични автомобили и теренски возила минатата година, што е речиси исто колку што произвела ви сите претходни години заедно. Меѓутоа, производството е далеку под најавеното пред речиси три години од 500.000 за минатата година.

Сподели!
- Advertisement -