Една четвртина од големите компании во ЕУ користат роботи

- Advertisement -

Големите компании кои имаат 250 или повеќе вработени многу повеќе користат роботи во вршењето на своите работи отколку што е случај со средните или малите претпријатија, покажа последното истражување на Евростат. Во 2018 година во ЕУ 25% од големите компании користеле роботи, наспрема 12% од средните претпријатија со 49 до 250 вработени и 5% од малите компании со 10 до 49 вработени.

Компаниите почесто користеле индустриски од услужни роботи. Индустриските роботи најчесто се користеле во производниот сектор, додека сервисните роботи се користеле во производството и трговијата на мало. Компаниите кои користеле сервисни роботи ги користеле главно за системи за управување со складишта и менаџирање со топад во 21% од случаите, како и за монтажни работи во 21% од претпријатијата.

- Advertisement -

Најголем број компании кои користеле индустриски или услужни роботи е забележан во Шпанија и тоа 11%, во Данска и во Финска по 10% и во Италија 9%. Најмал удел на компании кои во својата работа користат роботи има Кипар со 1%, потоа следуваат Грција, Литванија, Унгарија и Романија со по 3%.

Сподели!
- Advertisement -