Om3ga Solutions од Црна Гора доби инвестиција за својот конвертор на говор од SCV

- Advertisement -

Црногорскиот стартап Ом3га Солушн затвори почетна рунда на инвестиција за својот конвертер на глас во текст Daktilograf од регионалниот фондот за ризичен капитал South Central Ventures и ICT Hub Venture од Србија. Daktilograf поседува уникатна технологија за распознавање на звук со кои ќе се овозможи точно препознавање на jужно-словенски jазици, без ограничување на број на зборови кои ги препознава. Ова инвестиција е прва на SCV во стартап од Црна Гора и ќе и овозможи на компанијата да го комплетира својот продукт и да се пласира во Европа.

- Advertisement -

Daktilograf преку својата платформа од говор во текст овозможува точна транскрипција во реално време за деловни потреби на јужно словенски јазици. Софтверот е примарно наменет  да им овозможи транскрипција на новинарите при интервјуа како и да им помогне на големите компании да ги транскриптираат своите состаноци. Решението е многу модуларно и може да се приспособи на голем број на индустрии кои бараат транскрипција за да ги направи поефикасни. Софтверот е развиен со најнови технологии кои немаат ограничување на бројот на зборови кои го препознаваат и во реално време креира записи кои можат потоа да се користат. Уникатниот систем за препознавање на глас кои компанијата сам ги изградила овозможува препознавање на јужно-словенските јазици кој не е достапен кај големите играчи како Yandex, Googlе кои засега препознаваат само одреден број на јазици. Тимот планира да го прошири своето портфолио со јазици од централна и источна Европа како и да го збогати со нови карактеристики.

Решението оперира на глобалниот пазар од глас во текст кој е и така брзорастечки со проекција да достигне 31.82 милијарди долари  до 2025 растејќи со 17.2% годишно во извештајот на Grand View Research. Дактилограф се насочува кон ниш од тој пазарот кој не е опслужен со решенија што им овозможува одлична позиција да освојат значаен дел од пазарот во иднината во која се ќе биде движено од вештачка интелигенција и раководено без раце.

- Advertisement -

Om3ga Solutions team е компанија која развива софтвер со седиште и развој во Црна гора и тим за продажба во Србија. Основана е од мешан тим на млади амбициозни и искусни инженери со преку 20 години искуство во развој на софтвер предводени од главниот технолошки ум Амил Ченгич, CEO вo 2017. Продуктот „Дактилограф“ е главниот фокус на компанијата и уште од своето појавување во 2017 го привлече вниманието компаниите од Црна гора Србија и Хрватска заради едноставноста со кој го решава на компаниите проблемот на транскрипција на јужно словенски јазици. Компанијата бележи значајни успеси го освои 2-то место на интернационалниот стартап натпревар Sarajevo Unlimited Conference во конкуренција на 100  компании и е еден од најбрзо растечките црногорски стартапи.

- Advertisement -

“Нашата компанија е почестена што е првиот црногорски стартап кој ја доби поддршката на South Central Ventures and ICT Hub Ventures. Инвестицијата ќе ни овозможи да креираме серија на апликации базирани на нашиот конвертер од глас во текст со кои ќе креираме вредност за реалниот и јавниот сектор. Решението е засега достапно на Српски, Хрватски и наскоро се планираат да се опфатат сите јазици од западен Балкан. За шест месеци ќе имаме истренирано модули за најкомплексните светски јазици со што планираме да влеземе на светскиот пазар”, рече Мирсад Хаџалич, коосновач и CDO на Om3ga Solutions.

“Најновиот продукт на Om3ga Solutions Daktilograf го привлече нашето внимание особено заради потенцијалите за аплицирање на технологијата во приватниот и во јавниот сектор а особено што компанијата изгради јак тим на професионалци кои постојано го развиваат бизнисот и размислуваат за раст “, рече за инвестицијата Коста Андрич, раководен партнер во ICT Hub Venture.

“Особено сме радосни што може да го подржиме тимот на Daktilograf, не само затоа што е нашата прва инвестиција во Црна Гора туку и вештината и квалитетот на основачите да креираат ваква супериорна технологија со толку лимитирани ресурси. Веруваме дека компанијата има јаки темели и се радуваме дека со нашата поддршка ќе го забрзаме нивниот раст” рече за инвестицијата Јан Коблер, партнер во South Central Ventures.

Со канцеларии во Белград, Загреб и Скопје, SC Ventures (SCV), преку Фондот за претпријатија и иновации (ENIF), се фокусира на технолошки компании во Западен Балкан.

Фондот од 40 милиони евра е посветен првенствено на инвестиции во рана фаза и раст. Овие инвестиции се наменети да го поттикнат проширувањето на меѓународниот бизнис и растот на најветувачките технолошки стартапи кои можат да го докажат својот потенцијал “да се стане голем”.
SCV има за цел да го поддржи стартап системот во регионот и да им помогне на основачите кои се осмелуваат да ги донесат своите бизниси на глобалните пазари. Меѓу претходните инвестиции на SCV се: AgriviBulbSentinelLittleDotCognismHomibleInplayerAlchemyHunch InsightsTradeCoreVirtus VitaCity ExpertWork PulsContent Insights i Cube Team.

 

 

 

www.sc-ventures.com

 

 

 

 

 

Сподели!
- Advertisement -