Шведскиот премиер Стефан Лотвен најави дека ќе ја забрани продажбата на автомобили на дизел и бензин после 2030 година. Со ова Шведска се приклучува на Данска, Индија, Холандија, Ирска и Израел на листата со нации кои рекоа дека ќе ги забранат автомобилите на фосилни горива. Меѓу земјите кои уште порано најавија таква збарана се Костарика, Норвешка и Јужна Кореја.
И други земји исто така планиrаат да ги исфрлат од употреба автомобилите со внатрешно согорување. Едни од нив се Франција и Обединетото Кралство, иако нивната забрана не е епланирана пред 2040 година. Германија исто така размислува да воведе слична забрана, но тоа нема да биде порано од 2050 година.
Германија заостанува зад другите нации бидејќи министерот за транспорт се уште нема формулирано конкретни цели за транзицијата. Фактот дека германската автомобилска индустрија е витална за економијата на земјата и се уште многу зависи од продажбата на бензинци и дизелаши сигурно има влијание врз таа одлука.