Иднината на автомобилската индустрија им припаѓа на електричните возила, но во најголем дел од земјите веројатно или речиси сигурно во текот на идната деценија на улиците пак ќе доминираат автомобилите со бензински или дизел мотори. Пред е-возилата стојат многу предизвици и додека тие не завладеат со патиштата, преодно решение се хибридите со кои уште веднаш ќе се забеежи намалување на загадувањето. смета извршната директорка на BMW во Холандија, Стефани Вурст.
Овој германски автомобилски гигант во Ротердам учествува во проектот Electric City Drive, чија цел е намалување на загадувањет со палење на електричните мотори кога автомобилите ќе приближат до центрите на градовите.
Откако ќе поминат одредена виртуелна граница во близина на центарот на Ротердам, возачите на хибридните автомобили на BMW ќе добијат порака која ги потсетува да го изгаснат моторот со внатрешно согорување и да го стартуваат електричниот мотор. Учеството во проектот е доброволно и нема никакви казни за возачите кои не го стартуваат електричниот мотор, но се покажа дека дури 90% од сопствениците на хибриди ги гасат класичните мотори по пораката која ќе ја добијат од автомобилот.
Проектот Electric City Drive е само еден од начините на кои градовите и државите се подготвуваат за иднината во која целосно ќе се забрани купувањето автомобили со мотори со внатрешно согорување. Во Норвешка тоа може да биде веќе од 2025 година, во холандија од 2030 година, додека забраната во Франција и во Велика Британија не треба да се очкува пред 2040 година.