Дизајнерот Беи Чен Нан направи концепт на амфибиски автомобил Amphi-X, кој претставува хибрид на суперавтомобили од типот на Bugatti Veyron и лична суперподморница. Иако ова му било дипломски труд на индустриски дизајн на Универзитетот Монаш во Мелбурн, со него веќе собра бројни награди, меѓу кои и наградата на Toyotа за концептуален дизајн на автомобил, а го намени за футуристичкиот проект Dubai 2030.
Ако еден ден почна да се произведува, возилото ќе има електричен погон, а по возењето по копно и влегувањето во вода, тркалата ќе се вовлечат и потоа ќе се вклучи погон налик на џет-ски. Дизајнерот замислил автомобилот да има места во кабината за четворица патници, а ќе биде направен од карбонски влакна и алуминиум.
Погонот кој ќе го има ќе му овозможи од 0 до 100 км да достигнува за 2,4 секунди, на копно да достигнува максимална брзина од 418 км/ч, додека на вода 145 км/ч, што е еднакво на брзината на многу брзи глисери. Електричниот погон ќе го овозможува литиум-јонска батерија, а каросеријата ќе биде направена од специјално стакло составено од соларни ќелии за батеријата да може да се дополнува од природни извори.
Доколку ова чудо некогаш биде направено, проценките се дека ќе чини повеќе од 2,5 милиони долари, па Нан мисли дека таков нешто ќе може да си дозволат само богатите шеици од Дубаи, за кои и е наменето.