Кинеската влада го забрани и американскиот веб пребарувач Bing

- Advertisement -

Веб пребарувачот на Мicrosoft, Bing, наводно, е најновата жртва на забраните на западните интернет платформи во Кина. Интернет-страницата Bing повеќе нема да биде достапна во Кина и се приклучите на многуте други како Googlе, Twitter, Youtube, Facebook, WhatsApp и други, кои се заклучени зад таканаречениот „Голем огнен ѕид“ (Great Firewall).

Според изворите, Bing е забранет по налог на кинеската влада. Други извори велат дека кинеската телекомуникациска компанија Unicom ги потврдила наводите дека кинеската влада наредила забрана за Bing.

- Advertisement -

Кинеската влада со години спроведува строга контрола на Интернет, цензурирајќи ги осетливите содржини и блокирајќи го пристапот до странски интернет страници. Најголемиот светски веб пребарувач, Google, ја напушти Кина во 2010 година, но наводно, се обидува да се врати на кинескиот пазар со цензуриран пребарувач.

Интернет страниците на многу организации за човечки права и на новински организации како што се New York Times и Wall Street Journal исто така се забранети во Кина.

Сподели!
- Advertisement -