ЕВН почна изградбата на полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари

- Advertisement -

Во дворот на средното училиште „Михајло Пупин“ почна да се гради полигон за тренинг на електро-монтери и електро-техничари. Преку овој проект учениците ќе можат да конкурираат за паралелката во која ќе се здобијат со стручност и компетенции преку кои ќе им се отвори можност да се вработат во „ЕВН – Македонија“, откако ќе го завршат школувањето.

„Полигонот ќе помогне во подигнувањето на квалитетот на практичната настава. Со изградбата на полигонот ќе се овозможи делот од практичната настава којашто досега се изведуваше во компаниите, да се изведува и на полигонот во кругот на училиштето, на начин што ќе симулира работа во реални услови. На тој начин ја зголемуваме конкурентноста на овие млади луѓе при излегувањето на пазарот на трудот во Скопје и во Македонија“ – рече градоначалникот Петре Шилегов.

- Advertisement -

Тој се заблагодари на „ЕВН – Македонија“ која го почна овој проект и го надградува секоја година.

На почетокот на градежните работи на полигонот присуствуваа и министерот за образование и наука, Арбер Адеми и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -