Стопанска банка станува најголема продажна мрежа за осигурување

- Advertisement -

Во годината кога Стопанска банка АД – Скопје го одбележува својот 75-годишен јубилеј започна банко осигурување во соработка со Кроација Осигурување/Неживот и УНИКА Лајф.

Преку своите 65 филијали, 24/7 контакт центарот и со повеќе од 120 лиценцирани застапници во осигурувањето, банката на пазарот понуди најголема продажна мрежа на осигурителни производи, со што осигурувањето станува подостапно за секого.

- Advertisement -

Осигурувањето е дел од финансискиот систем на државата и претставува комплементарна дејност на банкарското работење, насекаде во светот. Улогата на Стопанска банка примарно е да обезбеди едукација на клиентите за предностите на осигурувањето и за додадената вредност што ја добиваат преку користењето на банкарски производи со вклучено осигурување.

Со реализација на повеќе од 5.000 полиси преку Банката во делот на животното и неживотното осигурување и позитивни реакции од клиентите, посебна популарност добиваат следните производи:

- Advertisement -
  • Бесплатното годишно патничко осигурување кое го добиваат сите нови и постојни корисници на Visa/MasterCard кредитните картичките на Стопанска банка кое се активира преку филијала или Контакт центар
  • Кредитите со вклучено животно осигурување (потрошувачки, станбени, хипотекарни) со преференцијални услови и
  • Кредитите со вклучено осигурување од незгода и годишен ваучер од 400/600 денари кој клиентите ќе го користат за друга осигурителна полиса набавена од Банката

Покрај понудата на банкарски производи со вклучено осигурување, клиентите ќе можат да ги добијат и сите други видови на осигурување како: имотно/домаќинско и патничко осигурување со повластени цени, автоодговорност, зелен картон, КАСКО, осигурување од незгода и слично.

По повод средбата со медиумите г-дин Диомидис Николетопулос, генерален и извршен директор на Стопанска банка АД – Скопје, изјави: „Осигурувањето во глобални рамки е веќе нераздвојно од класичните банкарски производи а во Стопанска банка на клиентите им овозможува синергија, односно додадена вредност при користење на кредитните производи. Имено, сигурноста која клиентите ја добиваат со животното или осигурувањето од незгода е во поддршка на реализација на нивните планови а Банката го поддржува направениот избор со дополнителни поволности. Ни претставува задоволство што клиентите веќе ја препознаваат новата понуда на производите со вклучено осигурување, што е мотив повеќе за нас да продолжиме со понатамошен развој.“

- Advertisement -

Гоце Вангеловски, генерален извршен директор на Кроација Осигурување/Неживот, изјави: „Поврзувањето на различните финансиски производи е веќе добро етаблиран тренд на пазарите во светот. Имајќи предвид дека осигурителните и банкарските производи тесно се надополнуваат, во интерес на корисницте направивме соработка со Стопанска банка АД – Скопје, преку која на едно место добиваат многу повеќе. Овој модел oсвен што штеди време, нуди и поголема вредност за корисниците. Имајќи ги во предви модерните навики на пазарот сметаме дека ваквиот тип на услуги ќе биде одлично прифатен и ќе ги пресретне очекувањата на корисниците. Истовремено креираме и еден нов тренд на финансискиот пазар кој ќе придонесе за дополнителен развој на услугите во интерес на корисниците.“

Александра Шкемби Антовска, генерален извршен директор на УНИКА Лајф, изјави: „Ни претставува посебно задоволство можноста да го претставиме стратешкото партнерство со Стопанска банка во понудата на Животно Осигурување под исклучително поволни услови, достапно преку 65-те филијали на Банката, насекаде во државата. Припадноста на една од водечките осигурителни групации од Австрија, UNIQA Group и партнерството со Стопанска банка се идеална комбинација која ќе ни овозможи да реализираме значаен развој на Животното Осигурување во Македонија.“

Сподели!
- Advertisement -