Гардата на папата ги замени железните кациги со 3Д печатени

- Advertisement -

Ватиканската Швајцарска гарда, односно шарено облечената војска која го штити папата, ги замени железните прастари кациги со 3Д печатени. Новите кациги се направени од термопластика и од пред некој ден им се поделени на стражарите по повод 513-годишнината од основањето на гардата во 1506 година.

По изглед кацигите се речиси идентични на железните, но на нив го има грбот на папата Јулиус II, кој прв ја користел стражата за своја лична заштита. Една од главните предности на новите кациги е тоа што нема да се загреваат како железните, што значи дека стражарите помалку ќе се препотуваат.

- Advertisement -

Старите кациги биле направени во Австрија и биле тешки речис два килограми, а новите се направени во Швајцарија и тежат нешто повеќе од половина килограм. Швајцарската гарда ги носи своите церемонијални униформи составени од жолти, црвени и сини линии на официјалните настани како што се мисите на папата или посетите на странски државници.

Стражата е составена од 110 мажи кои вообичаено се облечени во секојдневна и поедноставна облека, односно униформа со син плашт и беретка.

Сподели!
- Advertisement -