Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати тестираат заедничка криптовалута

- Advertisement -

Досега повеќе пати слушнавме за криптовалути кои ги развиваат држави влади за сопствена употреба. Последниот таков пример беше Венецуела во 2018 година со валутата „петро“, а сега е ред на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати да лансираат своја криптовалута, која заеднички ја развија и ќе ја користат за меѓудржавна употреба.

Овие две нации се блиски соработници и се две од најбогатите земји во светот. Тие веќе почнаа со тестирање на криптовалутата. Пилот-програмата ќе им помогне да утврдат дали блокчеин технологијата навистина ќе функционира за прекугранична употреба со ниски трошоци за ремитенда. Исто така, ќе им помогне да видат дали криптовалутата ќе влијае не нивната национална монетарна политика.

- Advertisement -

Саудиска Арабија и ОАЕ го најавија проектот како дел од седумте точки на соработка со цел да се зајакне врската меѓу земјите. Виртуелните пари ќе бидат исклучиво наменети за прекугранично плаќање меѓу централните и локалните банки, иако уште не е познато дали некогаш ќе бидат достапни и за користење од јавноста.

Во иднина веројатно ќе расте листата со нации и земји кои ќе создаваат свои криптовалути. Откако Венецуела го најави „петро“ во 2017 година, Русија ги откри своите планови за преговори со банките од Бразил, Индија, Кина и земјите од Евроазиската економска унија за можноста за креирање криптовалута за употреба во сите тие нации.

Сподели!
- Advertisement -