Фондот за иновации и технолошки развој објави најнов „Предизвик за млади истражувачи“

- Advertisement -

Една од целите на современите образовни системи е да ги поттикне учениците слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Истовремено е важно да се негува детската љубопитност за осознавање на светот на начин кој ќе ги преиспитува однапред дефинираните вистини. Да се поттикнат наставниците и наставничките, ученичките и учениците да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на остварување на заеднички цели. Само така ќе можеме да израснеме генерации кои ќе го унапредат начинот на кој размислуваме, начинот на кој ги практикуваме секојдневните активности и меѓусебно комуницираме.

Поаѓајќи од ова, Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) и Министерството за образование и наука (МОН) Ве повикуваат да учествувате на Предизвикот за млади истражувачки и истражувачи.

- Advertisement -

Истражувачките проекти треба да бидат од областите на природните и техничките науки. Процесот на истражување треба да се основа на „научен метод“, односно да вклучува формулација, тестирање и потврда/модификација на хипотеза по пат на експеримент и набљудување.

Времетраењето на истражувачкиот проект не треба да надминува 6 (шест) месеци.

- Advertisement -

Предложените проекти треба да резултираат со видливи резултати, како што се на пример истражувачки есеј, изработка на проектна задача, изработка на прототип, аудио-визуелен материјал, дигитален материјал и слично.

Повикот се однесува на сите основни и средни училишта на територијата на Република Македонија кои имаат креативни ученички и ученици со желба да истражуваат и освојуваат награди.
Детали на следниот ЛИНК.

 

Сподели!
- Advertisement -