Brand Finance Global 2019: Ферари е најмоќен светски бренд

- Advertisement -

Италијанскиот производител на автомобили Ферари повторно ја освои титулата на најмоќен светски бренд, според последниот извештај на Brand Finance Global 2019, претставен на Светскиот економски форум во Давос

Ферари во текот на последната година во категоријата индекс на моќта на брендот – BSI ја зголеми својата оценка за три поени, од 91,5 до 94,8 од можни 100, надминувајќи ги Мекдоналдс, Кока Кола, Лего и Дизни, се вели во извештајот објавен на веб страницата на компанијата Brand Finance, кој ја мери вредноста на 500 најголеми светските брендови.

- Advertisement -

Великанот меѓу автомобилските брендови последен пат ја освои титулата на најмоќен светски бренд во 2014 година.

“Како најдобар производител на луксузни автомобили во светот, Ферари има неспоредлива препознатливост на брендот која се изразува преку совршеноста на дизајнот и иновациите. Логото со коњ кој се издигнува е совршен симбол на силата и виталноста на брендот”, вели Дејвид Хеиг, генарален директор на компанијата Brand Finance.

- Advertisement -

Кога станува збор за вредноста на брендот, на чело на листата се наоѓа американскиот интернет трговец Амазон, со износ од 187,9 милијарди долари, (што претставува зголемување од 24,6% во споредба со 2018 година), а втор е Епл со 153,6 милијарди долари (5,0%), а трет е Гугл со 142,7 милијарди долари (18,1%).

Мајкрософт се искачи од шестата на четвртата позиција, со вредност на брендот од 119,6 милијарди долари (47,4%), туркајќи го Самсунг на петтото место.

- Advertisement -

Вредноста на брендот на овај јужнокорејскиот технолошки гигант падна за 1,1 процент на 91,3 милијарди долари.

Значаен скок направи Huawei, кој со раст на вредноста на брендот од 63,7% на околу 62,3 милијарди долари, се проби од 25 место минатата година на 12 позиција.

(Marleting365.mk)

 

Сподели!
- Advertisement -