35 жени помлади од 35 години кои ја менуваат технолошката индустријата (1 дел)

- Advertisement -

Руцвана Башир, 31, соосновач и извршен директор на peek.com

Руцвана Башир често патува и вели дека барањето забавни активности и одземало време и ја фрустрирало. „Не можев да разберам зошто не постои нешто како OpenTable за активности” вели таа, па решила таа самата да креира нешто такво. Peek.com им помага на луѓето што патуваат да пронајдат и да букираат екскурзии онлајн. Тоа е концепт во кој веруваат и многумина други од индустријата за технологија. Клиенти на компанијата се некои познати личности како претседателот на Google, Ерик Шмит и директорот на Twitter, Џек Дорси, а Apple ја вклучи апликацијата во сите iPhones во САД.

- Advertisement -

 

Аја Бдеир, 32, основач и извршен директор на LittleBits Electronics

- Advertisement -

„Замислувам еден свет каде што одите онлајн и ги дизајнирате сопствените ролетни или сопствените електронски уреди. Секој станува иноватор“ вели Бдеир. Нејзината компанија LittleBits прави електронски составни делови кои им овозможуваат на корисниците да ја креираат технологијата што, на пример, ќе овозможи една плишана играчка да свети или да се контролира еден клима-уред со iPhone. Нејзиниот таргет се сите – од деца до инженери кои прават прототипови на нови производи. Нејзината визија е дека електрониката го контролира целиот свет, а сепак светот на технологијата го контролираат големи компании, па затоа и бавене  циклусот на иновирање. „Ние сакаме иновирањето на хардверот да биде бесконечно и моќта на електрониката да ја ставиме во рацете на сите“ вели Бдеир.

 

- Advertisement -

Лаура Борел, 26, продукт менаџер, Jawbone

Моментот на еурека за Борел се случил кога Борел била во некој забавен парк и забележала голем број гојазни деца. Во 2011 година нејзината идеја станала реалност кога ја основала Nutrivise, апликација која на корисниците им дава персонализирани препораки за оброци. Нејзината апликација ја купила компанијата Jawbone по само две и пол години. Сега работи како продукт менаџер во Jawbone. „Мојата визија е дека со помош на технологијата ќе можеме да ги решиме сите поголеми проблеми како што се гојазноста и неухранетоста“ вели Борел.

Леа Буске, 35, основач и извршен директор на TaskRabbit

Идејата за TaskRabbit ја добила една зимска ноќ во 2018 година кога се соочила со своето гадно куќе и празната чинија за храна. „Си помислив нели би било убаво кога некој би можел да ни купи храна?“ вели Буске. Четири месеци подоцна таа дала отказ во IBM и почнала да работи на првичната верзија на TaskRabbit. Сега платформата, која им овозможува на корисниците да аутсорсираат некои услуги на други луѓе кои се пријавиле за вршење на задачи, се користи во 19 градови во САД. „Сакаме да го револуционизираме начинот на кој луѓето работат на глобално ниво“, додава Буске.

 

Шахероуз Чаранија, 33, соосновач и извршен директор на Women 2.0

Како млада жена која бара работа во Силиконската Долина, Чаранија гледала како нејзините врсници од машки пол основаат компании и ги финансираат проектите едни на други. Таа дошла до заклучок дека технологијата и иновациите се развиваат без неа, па во 2006 година ја основала Women 2.0, компанија која сега е меѓу најголемите светски брендови за жените во технологијата и претприемништвото. Меѓу другото, компанијата нуди средби и конференции за жените во технологијата за бидат повеќе забележани.

Лимор Фрид, 35, основач на компанијата за електроника и туторијали Adafruit

Сте посакале ли некогаш сами да направите мини-робот? Компанијата на Фрид, Adafruit, го овозможува тоа со својот open-source хардвер за технолошките гуруа и за сите на кои хоби им е да прават свои производи. Се започнало Фрид го направила својот MP3 плеер и на својата веб-страница поставила упатства како да се направи. „Луѓето постојано ми испраќаа имејлови и велеа дека го виделе мојот проект и сакаат и тие да направат исто. Ме прашуваа дали можам да им испратам шаблон и делови. Си помислив: зошто да не основам компанија која ќе го прави тоа?“ вели Фрид. Таа е првата жена претприемач која се нашла на насловната страница на Wired и нејзината компанија минатата година имаше 22 милиони долари приходи.

 

Ребека Гарсија, 23, девелопер евангелист, соосновач на CoderDojo NYC

Гарсија работи во платформата за градење веб-страници Squarespace, каде што се занимава со кодирање, општествен развој и едукација. Но, викендите ги поминува во CoderDojo, интернационална непрофитна организација чиј огранок во Њујорк го основала таа. Таа одржува работилници со околу 100 млади луѓе месечно и соработува со ментори кои децата на возраст од 7 до 17 години ги учат да дизајнираат веб страници, игри и да развиваат апликации.

Сподели!
- Advertisement -