Фотографија направена од ExoMars открива неверојатен поглед на коритото од делтата на древна река, докажувајќи дека водата некогаш течела на површината на Црвената планета.
Фотографијата која што ја објави Европската вселенска агенција и Руската вселенска агенција „Роскосмос“ покажува делта од некогашна река на Марс која што наликува на делтата на реката Нил во северна Африка.
„Иако течната вода сега не постои на површината на Марс, оваа фотографија покажува дека пред многу години имало река на Црвената планета. Жолтите дамки укажуваат на оксидирани наслаги на железо, што е знак дека карпите кои што ја прават делтата некогаш биле прекриени со вода“, изјавија научниците од „Роскосмос“.
Фотографијата е креирана со орбитерот кој што е лансиран во 2016-та година.
Европската вселенска агенција ја проучува Црвената планета од 2003-та година, а следната мисија е предвидена за 2020-та година кога ќе биде лансиран роверот на Европската вселенска агенција и „Роскосмос“.