Avon го лансираше Eve Truth: нов мирис кој ја слави вистината

- Advertisement -

Новиот парфем е мешавина од нежни цветови, енергични овошки и сензуални минерали кои се рефлексија на модерната жена

Модерните жени чувствуваат преголем притисок да постигнат сé и да надминат сé она што често им предизвикува несигурност и нелагода. Но вистината е дека сите жени се неверојатни, иако понекогаш забораваме да го препознаеме тоа. Како одговор на тоа, AVON го лансира Eve Truth, воздигнувачки, привлечен мирис кој во себе го втемелува и слави себеприфаќањето во целата своја раскош и ги воздигнува жените со сите нивни лични карактеристики – доблести и мани.

Како лице на овој парфем, холивудската актерка Ева Мендез ја отелотворува сигурната, слободна и неверојатна Eve Truth жена. Од нејзините комични улоги, па сé до драматичните карактери, Ева е позната по нејзината посветеност на секој филм во која таа има своја улога. Надвор од големото платно, таа ја внесува истата страст во нејзините лични потфати, без оглед дали станува збор за добротворна работа или работа како дизајнер и креативен директор на нејзината сопствена модна линија, објаснува Дана Стојкова, национален менаџер за продажба за AVON во Македонија.

- Advertisement -

Животот е колекција од приказни, колекција од нашите приказни. Почестена сум од можноста да бидам лицето на Eve Truth, кој ја отсликува повеќеслојноста на женскиот карактер и создава комплетно мирисно искуство кое ја персонифицира модерната жена, вели Ева.

- Advertisement -

Дизајниран и создаден од Лорен Лa Гернек (Laurent Le Guernec) – еден од водечките светски парфимеристи – Eve Truth е композиција од нежни цветови (божур, блескава гарденија и розова фрезија), енергични овошки (свежа карамбола и сочна калинка) и магнетно привлечни минерали (магнетит) за да ја отслика женската волшебна аура. Резултатот е неодоливо искуство за сите сетила, кое ја рефлектира женственоста, елеганцијата, сензуалноста и силата.

 

- Advertisement -

Во моментите кога размислував за природната убавина, ги истражував душевните длабочини и како да се биде искрен и верен на себеси и како можам да го преточам тоа чувство во мирис. Мојата цел е оној кој го носи на себе мирисот, да има внатрешно чувство на удобност во сопствената природност , бидејќи тоа е она што извира однатре и ја прави Eve Truth жената прекрасна секаде наоколу,” заклучува Ла Гернек

 

Сподели!
- Advertisement -