Кога најбогатите 1% од луѓето во светот би плаќале даноци за само 0,5% повисоки од сегашните, секое дете во светот ќе може да оди на училиште и ќе напреднеме во решавањето на проблемот со нееднаквоста. Во многу земји во светот не се плаќаат доволно даноци за богатството што е во приватна сопственост.
На пример, во 1970 година најголемиот данок на доход изнесуваше околу 62%. До 2013 година тој процент падна на речиси половина односно 38% во најбогатите земји, 28% во земјите во развој, а сега тој процент е уште повеќе намален. Некои земји дури и целосно ги имаат укинато даноците за богатство. Тие даноци мора да постојат за владите да можат да соберат доволно пари за да платат за здравствена заштита и за едукација.
Околу 262 милиони деца во светот не одат на училиште, но од конфедерацијата на 20 независни добротворни организации во светот Oxfam велат дека тој број може да се сведе на нула ако најбогатите луѓе во светот плаќаат само малку повеќе даноци.
Во 2018 година богатството на милионерите и милијардерите во светот се зголеми за 12%, односно тоа се 2,5 милијарди долари дневно. Во исто време богатството на најсиромашните луѓе – околу 3,8 милијарди луѓе – во светот се намалило за 11%.
Речиси половина од популацијата на Земјата секојдневно живее со помалку од 5,6 долари дневно. Во 2015 година само 4 центи од секој долар добиен од даноци биле од даноците за богатство, а во некои земји како Бразил и Обединетото Кралство, најсиромашните луѓе плаќаат 10% повеќе даноци повеќе отколку 10% најбогати.
Значи, има простор за подигнување на данокот на богатство на 70%. Дури и Меѓународниот монетарен фонд потенцира дека богатите луѓе и корпорациите можат да плаќаат пивисоки даноци без да му се наштети на економскиот раст. Затоа, владите треба да се заложат за фер и добро оданочување, како и да ги здружат силите за да ги отстранат дупките во даноци кои компаниите ги користат за да акумулираат богатство и да избегнат плаќање даноци.
Има се повеќе докази дека поради нарамномерното распределување на богатството му се нанесува штета на економскиот раст. Сиромашните земји годишно губат по 170 милијарди долари од компаниите и поединците кои избегнуваат плаќање даноци, а најбогатите кријат по 7,6 трилиони долар до даночните власти. Според Oxfam, глобалниот даночен систем им наплаќа најмалку на тие што можат да платат најмногу.
Фер даноците ќе овозможат подобри јавни услуги за оние на коишто најмногу им требаат. Според едно истражување во 13 африкански земји, инвестициите во образование и здравство придонеле за намалување на нееднаквоста за 69%. На пример, кога Гана го направи средното образование бесплатно, на училиште појдоа 90.000 ученици повеќе од претходно.
Но, во многу земји нема подобрување на социјалната мобилност. Во супсахарска Африка само 12% од возрасните родени во 80-тите години на минатиот век имаат подобро образование од своите родители. Во Сао Паоло, Бразил, пак, во просек луѓето коишто живеат во најсиромашните предели умираат 25 години порано отколку тие што живеат во најбогатите предели. Во Непал дете родено во сиромашно семејство има трипати поголеми шанси да умре пред да наполни 5 години.
Сепак, нееднаквоста не ги убива само најсиромашните. Според едно истражување спроведено во 103 земји во светот, нееднаквоста предизвикува поголема стапка на смртност и кај сиромашните и кај богатите. Иако нееднаквоста е неизбежна, фер даноците можат да го затворат тој јаз со плаќање за бесплатни квалитетни јавни услуги за секого.
If the richest 1% paid just 0.5% extra tax, every kid in the world could go to school
262 million children around the world don't go to school. Read more: https://wef.ch/2Mm5VgC
Posted by World Economic Forum on Петок, 08 февруари 2019