Медалите за Олимписките игри во Токио во 2020 година ќе бидат направени од електронски отпад

- Advertisement -

Како што ги заменуваме гаџетите со се понови и поубави, застарената технологија станува глобален проблем. Електронскиот отпад може да биде и многу вреден и досега имаше многу проекти за собирање на вредните метали од е-отпадот. Сега изгледа дека и добитниците на медали на Олимписките игри во 2020 година ќе добијат дел од старите телефони и камери.

Организаторикиот комитет на Олимписките и Параолимписките игри во Токио во 2020 година вредно собира стари телефони, камери и други гаџети уште од април 2017 година со цел да ги рециклира вредните метали во медали. Сега објавија дека се ближат до остварување на својата цел до март 2019 година.

- Advertisement -

Центри за собирање се поставени во 1.594 општини, каде што се собрани 47.488 тони стари гаџети. Истовремено, повеќе од 5 милиони паметни телефони се предадени во продавници на NTT Docomo низ Јапонија. Како резултат на тоа, таргетот за собирање доволно метал потребен за Олимписките игри беше достигнат во јуни минатата година, а од октомври досега 93,7% од златото и 85,4 % од среброто се собрани од донирани уреди. Дизајнот на медалите за Олимписките игри во 2020 година ќе биде откриен  летово.

Сподели!
- Advertisement -