35 жени помлади од 35 години кои ја менуваат технолошката индустријата (3 дел)

- Advertisement -

Ерика Кохи, соосновач и колидер на UNICEF Innovation Unit

Пред седум години Кохи и нејзиниот колега од UNICEF, Кристофер Фабиан, почнале да разговараат за тоа како роганизацијата би можела да ја користи технологијата на подобар начин за да ги зајакне своите глобални програми. Тие заедно ја основале UNICEF Innovation Unit, која управувасо 14 лаборатории за иновации кои соработуваат со влади, приватни сектори, акдемски институции и поединци за да најдат локално релевантни решенија за некои од најитните проблеми во светот.

- Advertisement -

Ванеса Ларко, 29, постар продукт менаџер во Box

Ларко се зањубила во компјутерските науки на еден летен камп кога била во гимназија. „Ми се допадна тоа што имаш неограничени можности“ вели таа. Како iOS продукт менаџер во Box, кој нуди бесплатни услуги во облак за складирање и споделување документи, работата на Ларко се состои од поттикнување на луѓето да соработуваат преку своите мобилни уреди. Претходно работела во Microsoft, каде што со својот тим била одговорна за преоизнавањето говор на Kinect.

- Advertisement -

Дана Ледиард, 33, управен директор во Girls Who Code

Girls Who Code е една од најпознатите непрофитни организации кои ги поттикнуваат жените да кодираат, а како управен директор, Ледиард исто така раководи со летната програма за кодирање Girls Who Code Summer Immersion Program, интензивна седумнеделна обука за средношколки. Таа ја прошири својата програма од единствен камп базиран во Њујорк и 20 девојки во 2012 година на 375 девојки низ 19 програми во пет различни американски држави. „Гледам како од срамежливи девојки и несигурни во себеси стануваат самоуверени и презентираат производ пред публика. Ние им даваме моќ да градат и да креираат технологија наместо само да ја консумираат“ вели таа.

- Advertisement -

Џес Ли, 32, соосновач и извршен директор на Polyvore

Ли почнала да работи како продукт менаџер во Google Maps, но дури и откако ќе заминела од работа никогаш не се одлогирала од работа. Ноќите ги поминувала анализирајќи јаа Polyvore, платформа слична на Pinterest каде што корисниците можат да најдат модерна облека, домашен декор и производи за убавина и да купуваат. „Бев голем фан, но ме нервираа некои опции на сајтот, па на основачите им напишав голем имејл со моите забелешки. Тие ми вратија да појдам да работам со нив и самата да ги средам тие недостатоци“ вели Ли.

Хилари Мејсон, 35, основач и извршен директор на Fast Forward Labs

Кога била дете Мејсон сакала да биде компјутерски програмер, такси возач или астронаут. Четири години работела како аналитичар на податоци во сервисот за скратување URL, Bitly, каде што помагала да се мапира она на што обрнува внимание светот со анализа на стотици милиони линкови на кои луѓето кликаат секој ден. Неодамна ја основаше својата компанија Fast Forward Labs, која им помага на корпорациите да откријат како да користат футуристичка технологија како програмирање компјутери за да формираат англиски реченици од податоци.

Ери Мејер, 30, Американска дигитална служба, Бела куќа

Неодамна назначена како дел од тимот на Американската дигитална служба во Белата куќа, Мејер работи со врвни технолошки лидери на подобрување на дигиталната интеракција со владата. Тоа, на пример, може да значи побрзо реализирање на веб базирани иницијативи од типот на healthcare.gov. Мејер е и соосновач на Tech LadyMafia, сервис кој ги поврзува жените од технологијата. „Одлично е да се види колку се расположени жените од технологијата да си помагаат едни на други во решавањето проблеми“ вели Мејер.

Кетрин Миншу, 29, соосновач и извршен директор на The Muse

Идејата на Минпу за The Muse, веб страница која комбинира огласи за работа со совети за кариера, се родила поради нејзината фрустрација додека барала работа. „Жеите не треба да бидат многу агресивни, самите да преговараат за платата. Сакав да внесам малку инспирација во процесот на барање работа“ вели Миншу. Таа и нејзините две соработнички, Александра Кавукалос и Мелиса Мекрири, ја направиле првата верзија на The Muse со помош на веб девелопер и подоцна потпишале договори со познати ментори и инвеститори.

Сподели!
- Advertisement -