На 20 февруари официјално претставување на Самсунг телефонот на преклоп

- Advertisement -

Кон крајот на ноември, Самсунг го најави својот мобилен телефон на преклоп, а овие дена и официјално е потврдено дека на 20 февруари на јавноста ќе ѝ го претстават на настанот Unpacked во Сан Франциско.

Galaxy Fold, телефонот на преклоп од Самсунг, треба да биде претставен на 20 февруари заедно со Galaxy S10 серијата на мобилни телефони.

- Advertisement -

На официјалниот Твитер профил на Самсунг објавено е видео со порака дека иднината на мобилната индустрија ќе биде разоткриена на 20 февруари 2019 година. Деталите за уредот во видеото не се претставени, а би требало да има два дисплеи.

Еден од нив би имал димензии од 4.58 инчи, додека другиот би требало да има големина од 7.3 инчи. Форматот на помалиот екран ќе изнесува 21:9 димензии од 1960×480 пиксели, додека поголемиот дисплеј ќе има формат 4:2:3 со димензии 2152×1536 пиксели.

Сподели!
- Advertisement -