Светската здравствена организација бара ограничување на гласноста на смартфоните

- Advertisement -

Музичките интереси на миленијалците го загрозуваат нивниот слух затоа што не постои ограничување за опасно високите нивоа на бучава кои доаѓаат од нивните уреди, соопштија од здравствената агенција на Обединетите нации. Оштетување на слухот е евидентирано кај 466 милиони луѓе во светот, што е голем раст во однос на 360 милиони во текот на 2010 година, а бројот би можел да се искачи на 900 милиони до 2050 година. Тоа значи дека од оштетување на слухот ќе страда секоја десетта личност, се вели во соопштение на Светската здравствена организација.

Повеќе милијарди луѓе се изложени на ризик од губење на слухот бидејќи уживаат во она што го сакаат – гласна музика на телефон преку слушалки, велат од Светската здравствена организација. СЗО ги повикува производителите и регулаторните агенции да се погрижат паметните телефони и останатите уреди да добијат сосфтвер со кој ќе се ограничи јачината на на музиката и времетраењето на слушање музика.

- Advertisement -

Предлагаат да се воведе опцијата автоматско намалување на гласноста, како и можноста за родителска контрола. Кога би се вовело такво правило, не би било возможно да се надмине одредена граница на јачина на звукот затоа што уредот автоматски би ја намалил гласноста на ниво кое не му наштетува на слухот. На овој начин сакаат да ги поттикнат корисниците да изберат соодветна јазчина на звукот и да ја избегнат можноста за појава на тинитис.

Европската унија е единственото место во светот каде што јачината на аудиоуредите е одредена на стандад од 85 децибели, односно максимално 100 децибели.

Сподели!
- Advertisement -