Швеѓаните можат да земат шест месеци отсуство од работа за да основаат свој бизнис

- Advertisement -

Жителите на Шведска сега можат да земат шест месеци отсуство од работа за да стартуваат сопствен бизнис, а ако не оди се според планот, повторно можат да се вратат на старата работа. Ова неплатено отсуство се вика Tjänstledighet и ги охрабрува луѓето да пробуваат нови нешта и поттикнува иновативна култура.

За неплатеното отстуство може да аплицира секој што работел во некоја компанија само шест месеци, но барањето може да им биде одбиено доколку се многу битни за работните процеси во компанијата или ако новиот бизнис што го стартуваат ќе му биде конкуренција на работодавецот.

- Advertisement -

Во Шведска се родиле многу од најголемите технолошки гиганти во светот, а после Силиконската Долина, Стокхолм е на второ место во светот по бројот на компании-еднорози по глава на жител. Еднорози се технолошки компании кои вредат најмалку милијарда долари. Таква компанија е Spotify.

Оваа нова шема е дел од низата права во кои уживаат жителите на Шведска. Некои од тие права се отстуство од работа за продолжување на орбазованието или за грижење за некој член од семејството. Имате ли вие некоја идеја за стартап за која вреди да земете шест месеци отсуство од работа?

- Advertisement -

Swedish people can take 6 months off work to start their own business

Stockholm is the 'Silicon Valley' of Europe. Read more: https://wef.ch/2WVnqta

Posted by World Economic Forum on Понеделник, 11 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -