НАСА пак ќе испрати астронаути на Месечината, но овојпат ќе останат таму

- Advertisement -

Во соопштение НАСА ги изнесе своите цели, а тоа се враќање на астронаути на Месечината и слетување на луѓе на Марс, со таа разлика што овојпат НАСА сака да ги задржи астронаутите на Месечината.

„Како долгогодишен поддржувач на НАСА, одушевен сум што повторно зборуваме за слетување на луѓе на Месечината. За некои луѓе кога зборуваме дека се враќаме на Месечината тоа значи дека ќе го правиме истото што го направивме пред 50 години. Ќе бидам јасен – тоа не е нашата визија“, изјави Џим Бриденстајн, политичар и управител на НАСА.

- Advertisement -

„Одиме на Месечината со иновативни, нови технологии и системи за да истражиме повеќе локации на површината на Месечината. Овој пат кога ќе појдеме таму, таму и ќе останеме“, додаде Бриденстајн.

Реализацијата на овие амбициозни планови ќе започне идната недела, кога приватните партнери и инвеститори ќе се состанат во НАСА за да расправаат за реализацијата на идеите. Засега НАСА има склучено договори со дури девет компании за исрпаќање товар на Месечината, а крајната цел е развој на летало кое ќе може да слета на Месечината со астронаутите и пак да ги донесе на површината на земјиниот сателит.

Сподели!
- Advertisement -