Научници од Оксфорд направија генетски модифициран вирус кој ги убива клетките на ракот

- Advertisement -

Ракот функционира така што ги прелажува здравите клетки во телото, познати како фибропласти, да го штитат од имунолошкиот систем на телото. Но, новиот генетски модифициран вирус кој го направи тим од научници од Универзитетот Оксфорд специјално ги таргетира фибропластите кои го штитат канцерот и клетките на канцерот.

Досега сите постојни третмани кои ги убива измамените фрибропласти исто така може да ги убие и клетките во коскената срж и во кожата, но не и вирусот. Истражувачите од Оксфорд го тестирале вирусот на здрава човечка коскена срж и откриле дека не е токсичен. Ова се одлични вести.

- Advertisement -

Како што објаснуваат научниците, дури и да се убијат најголем дел од клетките на ракот, фибропластите можат да ги заштитат останатите клетки и да им помгонат да закрепнат и да се размножуваат. Досега не постоеше начин да се убијат и клетките на ракот и фибропластите што ги штитат без да му се наштети на остатокот од телото. Но, со оваа нова техника симултано се таргетираат и фибропластите и се убиваат канцерогените клетки. Овој вирус може да биде значаен чекор во третирањето на карциномите без да се наруши имунолошкиот систем на организмот.

Вирусот функционира така што за него се прикачува протеинот наречен биспецифичен активатор на Т-клетки. Едниот крај на протеинот се врзува за фибропластите, а другиот крај се прикачува за Т-клетките, односни тип имунолошки клетки кои се одговорни за убивање на дефектните клетки. Со таквото поврзување се поттикнуваат Т-клетките да ги убиваат фибропластите кои се прикачени за туморите.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -