Паметниот душек The Pod се прилагодува на температурата на телото и може да служи како аларм

- Advertisement -

Паметниот душек The Pod е новиот производ на компанијата Eight Sleep, кој има можност за автоматско прилагодување на температурата во текот на ноќта, а во склад со вашите навики во текот на спиењето. Температурата на телото природно паѓа кога спиеме, поради што The Pod е одличен душек за загревање на зиморливите луѓе.

The Pod има вграден термо аларм кој можете да го користите како будилник така што ќе го изладите работи ан душњкот за да ве разбуди. Како и другите производи на компанијата Eight Sleep, и новиот паметен душек има функција на следење на спиењето и подесување на температурата на различни сони во креветот, што значи дека можете да го наместите душекот за вас да ви ги грее нозете, а да ви го лади грбот и сл.

- Advertisement -

The Pod може да се поврзе со останатите паметни кујнски апарати. Целосниот систем на контрола на температурата функционира со посебен сад во кој се тура вода. Температурата на душекот може да се движи од 12 до 46 степени Целзиусови или да оставите автоматски да се прилагоди на температурата на телото.

Цената на The Pod ќе се движи од 2.200 до 2.500 долари, аможете да го нарачате уште веднаш. Испораката ќе почне од април годинава.

Сподели!
- Advertisement -