Проблемот со губењето на следбениците на инфлуенсерите на Instagram уште не е решен, а настанатата ситуација е последица на бришењето на нeавтентичните профили на социјалната мрежа. Додека од оваа популарна платформа ветуваат дека се ќе се реши набрзо, инфлуенсерите и понатаму губат милиони следбеници.
Од Instagram претходно соопштија дека забележале дека се отвораат голем број лажни профили заради собирање популарност на мрежата, поради што одлучиле да ги избришат сите неaктивни профили, што ги влучува оние кои немаат никакви постови, лајкови или коментари.
„Неодамна забележавме дека многу профили се коистат за вештачко зголемување на публиката. Ќе почнеме да ги отстрануваме неавтентичните профили, како и лајаковите и коментарите од профили кои користат апликации од трети страни за да се зголема популарноста. Преземаме некои чекори за да го ограничиме ова однесување, изјавија неодамна од Instagram.
Според најновите информации, Instagram ветува дека проблемот ќе биде решен до утре. Платформата во сопственост на Facebook веќе неколку дена ги известува корисниците за настанатиот проблем. Меѓу познатите личности кои поради проблемот изгубија милиони следбеници се Кајли Џенер (2,5 милиони следбеници), а по милион следбеници изгубија и Селена Гомез, Ариана Гранде и Кејти Пери.