Од 2020 година сите нови автомобили ќе мора да имаат автоматско кочење

- Advertisement -

Четириесет држави од светот вчера во Женева се договорија за нацртот на новата уредба на Обединетите нации за задолжително вградување систем за автоматско кочење (AEBS) во сите нови автомобили и лесни комерцијални возила. Меѓу државите кои го прифатија овој нацрт е Јапонија, како и сите земји членки на ЕУ.

На идниот состанок во јуни, кога ќе биде готова уредбата, државите членки на ОН ќе гласаат дали ќе ја прифатат или не. Сите кои ќе ја прифатат новата одлука ќе мора во сите нови автомобили да вградуваат технологија која со помош на сензори следи колку е блиску некој објект или пешак до автомобилот. 

- Advertisement -

Тој систем ќе биде вграден во сите персонални и лесни комерцијални возила, а ќе работи до брзина од 60 км/ч по принципот автоматско кочење. Според проценките, оваа нова уредба на ОН ќе засегне околу четири милиони произведени возила во Јапонија и околу 15 милиони во Европа.

Сподели!
- Advertisement -