Отворен научно технолошки парк во Скопје

- Advertisement -

Со промоција на деловно техничкиот акцелератор во просториите на Инофеит на кампусот технички факултети во Скопје денеска стартуваше реализацијата на проектот научно технолошки парк. Во иднина тоа треба да биде место кое ќе привлекува бизниси и ќе го помага нивниот развој преку услуги и поддршка и ќе обебзедува помош за развој на претприемништво и комерцијализација.

Придобивките од научно технолошкиот парк со кој Македонија реализира активности согласно со агендата за дигитализација на Западен Балкан беа промовирани во присуство на премиерот Зоран Заев, еврокомесарката за дигитална економија Марија Габриел, како и министрите за информатичко општество на Северна Македонија, Грција и на Црна Гора.

- Advertisement -

„Во научно технолошкиот парк ќе се развиваат нови вештини, ќе се раѓаат нови идеи, ќе се креираат важни иновации и изуми, некои млади луѓе тука ќе започнат старт ап бизниси, ќе се трасира патот на нашиот развој и патот кон напредокот и дигиталната револуција“, рече премиерот Зоран Заев.

Еврокомесарката Габриел истакна дека благодарение на проектите како научно технолошкиот парк  се одговара на предизвикот за оформување на дигиталната трансформација. – Таа за нас е и предизвик, но и можност  во центарот на сите наши политики да ги ставиме нашите граѓани, рече Габриел.

- Advertisement -

Стартната инвестиција во научно технолошкиот парк е 500.000 евра, а согласно со физибилити студијата се проценува дека неговата целосна реализација ќе чини 80 милиони евра. Паркот ќе се заснова на три столба: дигитализација во економијата, општество и државните институции, трансфер на технологии и акцеларација на старт ап компании.

Центарот стартува во адаптирани простории на ИННОФЕИТ, а наскоро во дворот на Кампусот ќе биде реновирана една од зградите каде ќе има повеќе истражувачки лаборатории и акцелератори, како место кое ќе ги обедини академската и  бизнис заедницата. Истовремено треба да овозможи и задржување на стручниот кадар во државата по завршување на образованието.

- Advertisement -

Фото- МИА

 

Сподели!
- Advertisement -