Копенхаген е прогласен за најдобар град за живот за Европејците

- Advertisement -

Единбург е единствениот британски град меѓу 20-те најдобри, а Абердин се наоѓа на 21 место.

Според најновите истражувања, Копенхаген е прогласен за најдобар град за живот за Европејците. На второ место се наоѓа Берн во Швајцарија, а третото место го делат Женава и Хаг.
Градовите во Скандинавија, Холандија и Швајцарија доминираат во топ 20 градови за европските емигранти, покажуваат податоците на консултантската куќа ЕЦА Интернешнал.

- Advertisement -

Даблин и оваа година се наоѓа меѓу првите десет градови, делејќи го деветото место со Гетеборг и Луксембург.

Надвор од Европа, високо се рангирани градовите во Канада, како и Канбера во Австралија и Велингтон во Нов Зеланд, додека Сингапур е единствен азиски град кој се наоѓа на листата на топ 100 градови најдобри за живот.

Сподели!
- Advertisement -