Стопанската комора на Македонија денеска одбележува 97 години од работењето

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија денеска одбележува 97 години од работењето. По овој повод, продолжувајќи ја традицијата, Комората и годинава ќе им додели награди и признанија на најуспешните компании и стопанственици.

– Зачетоците на коморското организирање во Македонија датираат од 1922 година. И по 97 години, согласно светските трендови и најсовремените меѓународни стандарди, Стопанската комора на Македонија го задржа приматот на лидер во организациското здружување. Стопанската комора на Македонија прерасна во ефикасен сервис за своите членки изградена врз основните јасни и темелни постулати, како Комора којашто е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација, стои во соопштението.

- Advertisement -

Стопанската комора на Македонија од 1970 година почна со доделување на Првомајската награда. Во 1994 година таа се преименува во Награда на Стопанската комора на Македонија и се доделува по повод Денот на комората-18 февруари.

Сподели!
- Advertisement -