Словaчкиот AeroMobil е автомобил кој за три минути се претвора во авион

- Advertisement -

Словaчката компанија AeroMobil ја претстави конечната, финална комерцијална верзија на својот летачки автомобил. Тоа е верзијата 4.0, која според најавите, треба да чини од 1,2 до 1,5 милиони евра, а првите примероци ќе бидат доставени до купувачите во 2020 година.

За разлика od Uber и Zee.Aero, AeroMobil лансира вистински летачки автомобил кој ќе може да вози и по копно и да лета. Повеќето компании се држат до еден ист концепт, односно VTOL (Vertical Take-Off Landing) – авиони кои како што кажува и самото име, можат вертикално и да полетуваат и да слетуваат без да имаат потреба од писта.

- Advertisement -

AeroMobil прима нарачки, но за почеток ќе произведе само 500 автомобили. Извршниот директор на AeroMobil, Јурај Вацулиќ, вели дека крајната цел им де да лансираат верзија на автомобилот која ќе биде дел од сервис за мобилност, но уште е рано да се откриваат деталите од планот.

AeroMobil може да се трансформира во авион за само три минути, а максималната брзина на копно изнесува 160 км/ч на максимално растојание од 700 км. Кога лета, пак, максималната брзина му е 360 км/ч, а може да помине растојание до 750 км.

- Advertisement -

AeroMobil Flying Car

This car turns into a plane in less than 3 minutes.More info: http://bit.ly/2nTBJ16

Posted by Startup Selfie on Петок, 15 февруари 2019

Сподели!
- Advertisement -