Бил Гејтс: Богатите луѓе треба да плаќаат многу повисоки даноци

- Advertisement -

Со богатство од 97 милијарди долари, соосновачот на Microsoft, Бил Гејтс, може слободно да каже дека капитализмот му го овозможил сето тоа. Тој, како втор најбогат човек во светот, мисли дека капитализмот е добар систем. Сепак, тој смета дека „ѓнема бесплатон јадење и ќе мора да соберете повеќе пари“ рече Гејтс во интервју за CNN.

Тие пари би требало да доаѓаат од богатите луѓе во форма на повисоки даноци, додаде Гејтс кој често зборува за оданочувањето на најбогатите луѓе со повисоки стапки. „Морам да платам поголеми даноци. Платив данок од над 10 милијарди долари, повеќе отколку кој било друг, но владата треба да бара и од луѓето кои се на слична позиција како мене да плаќаат значително поголеми даноци“ објасни милијардерот.

- Advertisement -

Конкретно, Гејтс предложи зголемување на даноците за капитална добивка, односно данокот на добивка, кој се остварува кога ќе се продаде недвижност или инвестиција. Понатаму, Гејтс се залага за подигнување на стапката на данокот на имот, кој се наплаќа на готовина, имот, недвижност и други вредности на починати луѓе кога се префрлаат на жив наследник.

„Бев најголем заговорник со данокот на имот да се собираат повеќе пари. Тој беше 55%, а сега е помалку од тоа” наведува Гејтс.

- Advertisement -

Сепак, Гејтс не се залага за радикални промени на економскиот систем. Иако е наклонет кон измени на постојнитој вели дека го поддржува капитализмот како рамка и покрај актуелните рапсрави за социјализмот. „Сега можете да речете дека сум пристрасен затоа што овој систем добро функционирал за мене и признавам дека се чувствувам виновен за тоа. Меѓутоа, имајќи предвид дека ги анализирам капиталистичките општества во целиот свет, има и добри работи. Мислам дека може да се прилагодат даночните параметри и да се добие поголема праведност, како и некои дополнителни владини услуги и сепак да останеме во истата основна рамка“ објасни Гејтс.

Според него, промената на даночниот систем за богатите луѓе да плаќаат повеќе не мора да и наштети на конкуренцијата или на претприемништвото. „Се додека имате цени кои се базирани на пазарот, им довозлувате на луѓето многу лесно да основаат нови компании… жМојот глас нема да биде за радикални промени“ порача Гејтс.

Сподели!
- Advertisement -