Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Тркалезната соба во Белата куќа ја потпиша директивата Space Policy Directive-4, со која му се заповеда на Пентагон да воспостави нов род на војска наречена Space Force или Вселенски сили.
„Главната цел на вселенската војска ќе биде да се осигура и да се прошири американската доминација во вселената“ нагласи Трамп, кој вселената ја нарече новото боиште. Space Force на почетокот ќе се наоѓа во рамките на Воздушните сили ((Air Force), како што се маринците (Marine Corps) дел од американскара морнарица (U.S. Navy), но од администрацијата на Трамп велат дека ќе настојуваат новиот род војска да стане целосно самостојна организација.
Во моментот никој не знае никакви детали за воведувањето на вселенската војска, како, на пример, технологијата која ќе се развива и колку пари ќе се трошат на неа.
„Нашата судбина, надвор од Земјата, не е само прашање на национален идентитет, туку прашање на национална безбедност“ изјави Трамп.
SPD-4 е четвртатата директива која ја потпишува Трамп, а е поврзана со вселената. Со првата директива и наложи на НАСА да го врати ќовекот на Месечината како чекор кон освојување на Марс. Со втората ги поедностави прописите за комерцијалниот вселенски сектор, а третата де однесува на управувањето со вселенскиот сообраќај.
Бројни организации, влади и научници во САД и во светот се противат на официјалната милитаризација на вселената, иако е познато дека сите државни вселенски проекти настануваат од воени програми.