Уникатниот третман за подмладување со невидливи микроигли во течност достапен и на македонскиот пазар!

- Advertisement -

SQT Biomicroneedling e единствениот третман за подмладување со невидливи микроигли во течност. Станува збор за брзорастечки бренд кој има освоено над два милиони клиенти во преку 102 земји во светот и има свои дистрибутери-национални агенти во 67 земји во светот.

Станува збор за природен третман за кожа развиен за само 18 месеци, без платена реклама на социјалните мрежи. Во Македонија е присутен од април 2022 година. Верица Раваноска, сопственик на центарот за убавина SQT Macedonia е национален агент за Македонија, која воедно е една од првите земји во светот која започна да го нуди овој иновативен третман.

- Advertisement -

Со нејзе разговаравме за придобивките од овој иновативен метод достапен на македонскиот пазар.

Новинар – Верица Јорданова

- Advertisement -

Може ли подетално да ни објасните што е SQT Biomicroneedling?

Накратко, SQT Biomicroneedling е напреден третман на кожата каде што микрофините игли создаваат мали канали во кожата на безбеден начин.

- Advertisement -

Овој третман е совршен за подобрување и подмладување на кожата со забрзување на природниот циклус на кожата (epidermal turnover) кој вообичаено е 21-28 ден, а со овој третман се добива за само 7 дена! Контролираните микрофункции го стимулираат природното производство на колаген и еластин, што резултира со поцврста, помазна и посјајна кожа.

Со SQT Biomicroneedling можеме да одговориме на специфични проблеми со кожата, како што се фини линии, брчки, акни, лузни, пигментација и нерамномерен тен. Покрај тоа, ја промовира апсорпцијата на производите за нега на кожата, што ги подобрува резултатите од вашата рутина за нега на кожата, а кај нечисти кожи прави биолошко чистење.
Со SQT технологијата, која потекнува од Кина, земја со висококвалитена козметичка индустрија, отворивме нова ера во дермокозметичките третмани кои спаѓат во редот на природна регенеративна козметика.

Козметологијатае област која напредува со брзи чекори на светско ниво. Колку ги следите трендовите во естетската козметологија и колку тоа е важно за развој на бизнисот?

Уште на самиот почеток на мојот бизнис многу добро знаев што ќе биде движечка сила во мојата работа. Тоа е инвестицијата во себе, во својата лична едукaција  и во едукацијата на моите вработени. Затоа и го развивам oвој бренд кој во Македонија го има во 28 центри за убавина и во дерматолошки ординации.

Моето животно и професионално мото е дека за успех се неопходни нови знаења, вештини, нови можности и многу многу труд и работа. Секогаш се стремам кон персонализиран пристап во мојата работа и најважни ми се добрите резултати и насмеаните лица на задоволните клиенти.

А со овој бренд всушност производи за третмани на лице можам да решам многу проблематики со кожата на неинвазивен начин.

Колку  вложуваат професионалците во областа, за едукација, градење на лични капацитети, за да одговорат на развојот во дејноста. Дали имаме доволно стручни лица во регенеративната козметика?

Можеме да се пофалиме дека многу сме напредни во воведување на нови услуги и има експанзија на нови козметички брендови кои се пласираа после ковид пандемијата. Во техничкиот дел и протокол на третманите моите едукации од компанијата со моето искуство и искуството од другите светски едукатори од SQT го споделуваме секогаш на нашите едукации и работилници.

Самиот бренд е револуционерен и едукациите што ги правиме се симбиоза од наука и знаење.Третманот е многу лесен за работа ако естетичарот има искуство во третманите на лице и знаење за функцијата на сите слоеви на кожата.

Едукациите кај нас постојано ги надоградуваме со нови решени случаи и најтешките проблематики ги издвојувам со фотографии и споделуваме детали од целосниот протокол и анамнеза.


Како ја оценувате понудата на пазарот во нашата земја? Колку може да се најдат квалитетна козметика и третмани, особено иновативни, во чекор со  трендовите?

Во однос на квалитетна козметика за професионална и домашна нега на пазарот секој бренд е сличен со некој друг и конкуренцијата е голема во Македонија. Затоа кога размислував дали да инвестирам во иновативен третман, конечната одлука ја донесов откако лично ги видов промените на моето лице, а потоа и на моите клиентки.

Многу често сум на едукации во соседна Србија каде што пазарот и конкуренцијата се многу големи, но Biomicroneedling не беше присутен па затоа го покривам и српскиот пазар.


Објаснете ни што значи регенеративната козметика, која е многу популарна и која е уникатноста на брендот SQT?

Моето досегашно искуство покажа дека за да имате здрав изглед на кожата важни се два фактори: прво, што внесуваме во телото и како ја негуваме кожата. И во двата случаи важно е тие продукти да бидат антиимфламаторни.

Овој третман е различен од сите други третмани бидејќи прави брз epidermal turn over  за само 7дена што го прави единствен третман во регенеративната козметичка индустрија и со клинички студии физичко подмладување до 1год. SQT e единствен третман кој се прави на инфламирани акни без употреба на антибиотици.

Со SQT немате несакани појави како алергии или воспалителни процеси како резултат на инфект,бидејќи биопептидите се издвоени од слатководен сунѓер од Dongjang Lake и нема алергени.Всушност во природата е одговорот за враќање на здравиот изглед на кожата. Природата е многу поинфериорна за разлика од човечката рака или некој апарат.

Колку е важен квалитетот на козметиката која се користи и зошто треба да се избере  брендот SQT?

Без наука и без квалитетна козметика неможе да се решат проблематики на кожата кај кои главна причина е дисбиоза на кожа или нарушен микробиом. SQT има одговор за вакви проблеми. Тој е регистриран со EU-CPNP, UK-SCNP, US-FDA-VCRP стандардите, а има здравствено одобрение од Канада и одобрение за здравје на Израел.

Поседува CPSR, COA, MSDS, ISO9001, ISO14001, ISO45001, OHSAS18001 и поминал меѓународни тестови SGS, CMA PONY и CNAS.

Ваквите индустриски стандарди законски ја докажуваат безбедноста и ефикасноста на производот. Ова е првиот третман одобрен од FDI да се работи на трудници и доилки.

Што е тоа што го прави SQT Biomicroneedling толку моќен третман?

Фибронектинот е сложен гликопротеин кој е составен дел од екстраклеточниот матрикс кој се врзува со останатите екстраклеточни протеини како колагенот, фибринот, хепаран сулфат протеогликаните.  Оттука произлегува и неговата голема улога во кожата, најзначајна во зараснувањето на рани.

Специфичните домени ( поедини делови од самата нишка на фибронектинот)  му овозможуваат да ја подобрува адхезијата на клетка со клетка, поврзување на клетка со базалната мембрана на епидермисот , стабилизација формирање на крвни коагулми ( или згрутчување на крвта при повреда ), како и во регенерација на нервните влакна, миграција на фибробластите, поттикнување на функцијата на макрофагите,поврзување на патогените микроорганизми (вирус, габа, бактерии и протозои) за клетките на домаќинот со цел нивно уништување.

Всушност неговата улога е репарација обнова на кожата овозможувајќи поврзување на макрофагиите со микроганизмите и на тој начин го активира одбраниот механизам на кожата правејќи ја поопорна од надворешни влијанија.

Тој е најмоќното оружје кој единствено го има во SQT.

Во Скопје на 16 декември ќе се одржи сертифициран семинар, за сите бизниси и професионалци од дејноста, кои сакаат да научат и да понудат нешто квалитетно и ново кај нас, кажете нешто повеќе за семинарот?

Само вистински професионалци ја препознаваат моќноста на SQT  и стануваат дел од SQT Global. Овој третман е уникатен и во составот на активните состојки и во начинот на работа. Револуционерен бидејќи е microneedling а не е вистинска игла ,биоиглирање кое продира до базалниот петиот слој на епидермисот забрзувајќи го базалниот метаболизам.

Со задоволство ви ги откривам и темите и предавачи, дел од тимот SQT Macedonia:

1.Спец.дерматолог Д-р Емилија Минова (Mesoterapy vs Biomicroneedling)

2.М-р нутриционизам Д-р Елеонора Делиниколова (Кожа-Инсулинска резистенција и дефицит на железо во крвта)

3.Естетичар козметичар Верица Раваноска (Подобрување на  базалниот метаболизам на кожата кај специфичен редок тип на акни и розацеа со балансирање на микробиомот-терапија со микропептидни иглички)

4.Д-р Марија Трпеска-Сертифициран доктор по естетика (Antyaging rejuvenation-континуирано физичко подмладување на кожата-ефект)

Доколку имате страст и љубов кон кожата за да им помогнете на клиентите да им ја подигнете самодовербата со воведување на овој третман ќе го постигнете тоа. Ако имате кленти кои сакаат неинванзивни третмани без крварење и употреба на игла ова е одлична алтернатива.

Нашата работилница е посветена да ве научи за кожата и процесот на регенерирање и како најдобро да се усвои овој третман во вашата клиника.

Сподели!
- Advertisement -