Принцезата Рима бинт Бандар бин Султан, која беше назначена за амбасадор на Саудиска Арабија во САД, е првата жена од Саудиска Арабија која добива толку битна дипломатска функција. Во 2016 година Рима била назначена за потсекретар на женскиот оддел во Генералната спортска агенција во Саудиска Арабија. Една година подоцна станала претседател на Саудиската федерација за групни спортови, со што станала првата жена во кралството која предводела федерација за спортски активности во кои учествуваат и мажи и жени.
Пред да биде назначена за мабасадор во САД, таа била потпретседател за развој и планирање во Генералната спортска агенција, што исто така е прв пат жена да биде поставена на таква позиција. Работела и како советник во канцеларијата на крунисаниот принц.
Што се однесува на образованието, таа дипломирала на Универзитетот Вашингтон во Вашингтон и била активна и во јавниот и во приватниот сектор во Саудиска Арабија, работејќи на стекнување рамноправност за жените. Во 2013 година го основала социјалното претпријатие Alf Khair со мисија да им отвори можности на жените во Саудиска Арабија за професионално советување и менаџирање.
Исто така, таа дејствувала за подигање на свеста кај жените во Саудиска Арабија за ракот на дојка. Со таа цел ја онсовала аосцијацијата Zahra Breast Cancer Awareness, а го организирала и најголемиот настан во светот во чест на жените заболени од рак на дојка во 2010 година и влегла во книгата со Гинисови рекорди.
Fast Company во 2014 година ја прогласи принцезата Рима за еден од најкреативните поединци во светот на бизнисот, а се наоѓа и на листата на Forbes со топ 200 најмоќни арапски жени во светот во 2014 година.