Иконата на комерцијалните возила: Bulli.
-
Transporter, Caravelle, Multivan and California. Сите се вбројуваат во категоријата најдобро продавани. Со шестте генерации – од Т1 до Т6 – Volkswagen Комерцијалните возила има произведено речиси дванаесет милиони единици низ целиот свет. Сега производната линија добива големо освежување -1. Последното издание на иконата.
-
Дигитализиран и поврзан. Со низата нови помошни системи, дигитални инструменти за прв пат и последната генерација на Volkswagen инфозабавни системи со континуиран онлајн пристап. Овој модел е надополнет и со дизајнот на предниот дел и контролната табла, најновите TDI мотори (90-199 PS) кои ја и преносуваат погонската сила.
-
Новост во Bulli е целосно електричниот возен систем.
Во Хановер, Volkswagen Комерцијалните возила го претставија Bulli 6.1 на публиката од претставници на меѓународни медиуми во Autostadt Wolfsburg – само на неколку метри од местото каде што биле изградени првите прототипи од моделот пред 70 години. Од тогаш, Volkswagen Комерцијалните возила континуирано го изменуваа, развиваа и подобруваа нацртот на европските транспортери, големите комбиња и каравани. Овој редизајн не е исклучок.
Д-р Томас Седран, претседател на Управниот одбор на Volkswagen Комерцијални возила изјави: „Новиот T6.1 е автомобил за денес и сега. Имаме докажано возило на кое ги надградивме помошните и инфозабавните системи, како и поврзувањето со најсовремената технологија. Хидрауличното серво управување на Т6 се отстапува за електромеханичкиот систем во Т6.1. Ова менува сè, бидејќи овозможува пристап до нови помошни системи.“ Седран додава: „Во T6.1 сакавме да поставиме нови стандарди за безбедност, погодност и удобност на возилото. Особено важна за нас беше стабилноста. И тука направивме значаен напредок.“
Новите помошни системи го вклучуваат стандардниот Cross Wind Assist. Овој систем автоматски го стабилизира Bulli 6.1 секогаш кога има силен ветер. Нови опции во опремата ги вклучуваат: Lane Assist – системот за одржување на коловозна лента; сега паркирањето е поедноставено со Park Assist системот; Rear View Assist (Помош за заден преглед) избегнува несреќи при возење во рикверц; и Trailer Assist го прави управувањето со приколка полесно. Опсегот на нови системи е дополнет со динамичен дисплеј за сообраќајни знаци.
Контролната табла на T6.1 е редизајниранa. Алберт Кирцингер, Раководител на секторот за дизајн изјавува: „Ние систематски ги прилагодувавме барањата на работното место на возачот до дигиталниот свет во возилото.“ Ова ги исполнува условите за интегрирање на дигиталниот кокпит (целосно дигитални инструменти) и третата генерација на модуларен инфозабавен матрикс (MIB3) кај T6.1.
Најважната нова опрема на сите инфозабавни системи е интегрираната SIM картичка (eSIM). Оваа eSIM отвора нов опсег на онлајн-базирани функции и услуги. MIB3 системите исто така нудат функции како што се интернет радио и музички „стриминг“ услуги. еSIM ги прави корисничките операции поинтуитивни. Ова е резултат на новите 8-инчни и 9,2-инчни инфозабавни системи во T6.1 кои сега можат да реагираат на гласовни команди со природен говор.
Програмата на моторот е исто така реконфигурирана. T6.1 ќе започне со високо ефикасни 2 литарски турбодизел мотори (2.0 TDI мотори со излези од 66 kW / 90 КС до 146 kW / 199 КС). Сите ги исполнуваат Euro-6d-TEMP-EVAP стандардите за емисии. Врз основа на партнерство со ABT, Т6.1 дури ќе биде понуден како возило со нула емисии (82 kW / 112 КС). Капацитетот на батериите до 77,6 kWh овозможува возење на повеќе од 400 км (NEDC) – правејќи го возило идеално за комерцијални должности во урбаниот свет.