ЕВН Македонија избран за универзален снабдувач со електрична енергија

- Advertisement -

ЕВН Македонија е избран за универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата и претпријатијата, што значи дека компанијата и во иднина ќе ги снабдува домаќинствата со струја и по цена која е утврдена од Регулаторната комисија за енергетика.

Како што објасни Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања на самата аукција е намалена првичната маржа од 14,4 проценти на 11,5 отсто во корист на потрошувачите за да бидат заштитени од ценовни шокови.

- Advertisement -

„Либерализацијата продолжува и за малите компании, при што од маалските продавници па до средните компании ќе може да очекуваат поевтина електрична енергија“, нагласи Анѓушев и потсети дека изминативе неколку години не е зголемена цената на електричната енергија во земјава.
Според него цената на електричната енергија во иднина ќе се пресметува по нова методологија, со која што компанијата универзален снабдувач нема да ги прикажува нереалните трошоци, а со тоа индиректно се заштитени потрошувачите од ценовните шокови.

“Со оваа маржа од 11,5 отсто снабдувачот треба да си ги покрие сите трошоци, односно реално да ги намали за да може рентабилно да работи -објасни додаде Анѓушев и дополни дека граѓаните, но и малите компании ќе бидат снабдени со најниска цена на електричната енергија.
Тој е оптимист дека во иднина нема да има поскапување на цената на струјата, бидејќи 80 од снабдувањето со електрична енергија Универзалниот снабдувач ќе ги има од ЕЛЕМ, а останатите 20% од слободниот пазар каде што во моменот за 30% е зголемена цената на струјата.

- Advertisement -

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимовски укажа дека за да се избегнат дополнителни трошоци граѓаните нема да потпишуваат нови договори со универзалниот снабдувач. Според него во моментов околу 80 отсто од пазарот ќе биде покриен од универзалниот снабдувач, а 20 отсто е либерализиран, односно ќе се купува од берзата за струја.
Тој исто така објасни дека досега ниту еден од осумте активни, од вкупно 30 снабдувачи на пазарот на електрична енергија не понудиле пакет за домаќинствата, иако од 1 јануари годинава има целосна либерализација на пазарот на струја. Според Бислимовски, незаинтересираноста на снабдувачите се должи на високата цена на електричната енергија на домашниот и на регионалниот пазар која што во моментов се движи од 70 до 80 евра за мегават-час.

Со новиот Закон за енергетика и со подзаконските акти во делот на електричната енергија што ги донесе РКЕ на домаќинствата кои се се уште на регулираниот пазар им се гарантира постојната цена.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -