Отворени пријавите за Spark.me 2019 стартап натпреварот- најдобриот стартап ќе го претстави својот проект пред инвеститори во Сан Франциско

- Advertisement -

Организаторскиот тим на Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај и по прв пат ќе се одржи во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, ги отвори пријавите за Spark.me 2019 стартап натпреварот. Победничкиот тим ќе добие шанса да го претстави својот прокет пред водечки светски инвеститори и медиуми на TechCrunch Disrupt во Алејата на претприемачите во Сан Франциско. 

Spark.me стартап натрпеварот има за цел да ги собере тимовите од целиот регион и преку програмата на конференцијата и учество на натпреварот да им овозможи своите проекти да ги претстават пред остатокот од светот. Досегашните победници на Spark.me стартап натпреварот се Top Digital Agency (2018), Couch Coach (2017), dryTools (2016), COPRIX media (2015), FishingBooker (2014) и TruckTrack (2013). Учеството на Spark.me стартап натпреварот е отворено за сите стартапи кои се основани после 1 септември 2017 година (без оглед дали се формално регистрирани како компанија или не0 и кои досега примиле инвестиции во вкупен износ помал од 2,5 милиони долари.

- Advertisement -

Се што треба да направат заинтересираните стартапи за да се пријават за Spark.me стартап натпреварот е да пополнат формулар за пријава на веб страницата http://spark.me/startups/, по што ќе поминат низ првиот круг на селекција. Рокот за пријавување е 15 април 2019 година. Списокот со 10 најдобри стартапи кои го поминале првиот круг на селекција и ќе имаат прилика да се претстават пред меѓународно жири на Spark.me конференцијата ќе биде објавен на 22 април на официјалниот сајт на конференцијата

Победничкиот стартпа ќе добие прилика да го оствари својот сон и од 2 д 4 октомври 2019 година во Сан Франциско да ја претстави својата идеја пред инвеститори од целиот свет. Тимот ќе добие два повратни авионски билети до Сан Франциско, хотелско сместување за три дена за две лица, две влезници конференцијата TechCrunch Disrupt San Francisco 2019 и закупен штанд во TechCrunch Disrupt Алејата на претприемачи. Конференцијата TechCrunch Disrupt ја посетуваат повеќе од 10.000 учесници и 400 медиуми, додека Алејата на претприемачите е изложбен простор каде што се собираат над 1.200 стартапи, кој го посетуваат водечките американски и светски инвеститори, медиумите како и општата јавност. Оваа награда претставува една од најдобрите прилики да се претстави бизнис идејата пред потенцијални инвеститори и да се стапи во контакт со луѓе кои можат да ви помогнат својот проект да го претворите во остварен сон, односно успешен бизнис. 

- Advertisement -

Организаторите на Spark.me претходно ги објавија имињата на двајца годинашни говорници – тоа се Анаб Џејн (TED говорник, дизајнерка, филмска продуцентка и соосновач на Superflux, светски призната компанија која со иновации од областа на дизајнот и технологијата се обидува да ни го приближи светот на иднината) и Џеремаја Овијанг (соосновач на Kaleido Insights и светски авторитет за развој на програми кои ја поттикнуваат иновативноста кај кропорациите). Во наредниот период ќе бидат објавени имињата на останатите говорници на конференцијата.

 

- Advertisement -

Билетите за конференцијата Spark.me 2019 може да се купат на официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me. Цената на билетите изнесува 300 евра, но заинтересираните можат да купат билет по промотивна цена од 150 евра до 14 март. Како мотивација за сите млади луѓе желни за знаење во понуда се и студентски билети, кои се наменети за средношколци и студенти на редовни, последипломски или докторски студии кои се помлади од 27 години, чија цена изнесува само 50 евра. Во цената на билетите е вклучен пристап до сите предавања (25-26 мај), стартап натпревари (25-26 мај), ручек на база шведска маса за двата дена од конферецнијата, освежување за време на сите кафе паузи во текот на двата дена од конференцијата, како и коктел прием на 25 мај. Во цената не се вклучени трошоците за превоз и за сместување. Купените билети може да се пренесат на друго лице (“name change”), но платениот износ не може да се рефундира.

Spark.me, една од најголемите маркетинг конференции во Југоисточна Европа, која е закажана за 25 и 26 мај, се организира во аудиториумот Порто Монтенегро во Тиват, кој е еден од најголемите аудиториуми во Црна Гора. Ова е прв пат Spark.me да се одржува во Порто Монтенегро, срцето на наутичкиот туризам во Црна Гора и една од најексклузивните марини на јадранското приморје. Организатор на Spark.me e компанијата doMEn d.o.o, агент за регистрација на црногорскиот национален интернет домен – .ME, која од 2013 година ја организира конференцијата еднаш годипно. Spark.me им нуди прилика на учесниците за актуелните трендови на полето на маркетингот, технологијата и бизнисот учат од светски познати експерти и да остварат контакт со повеќе од 580 учесници од 28 држави од светот, меѓу кои има и лидери од бизнис светот, од светот на технологијата и иновациите, маркетери, стартапи и луѓе желни за знаење. 

За повеќе информации за Spark.me 2019 посетете го официјалниот сајт на конференцијата www.spark.me, Facebook страницата www.facebook.com/sparkdotme, Twitter профилот www.twitter.com/sparkdotme и профилот на Instagram www.instagram.com/sparkdotme/.

Сподели!
- Advertisement -