Во Барселона претставен автономен брод кој ќе се справува со загадувањето

- Advertisement -

Барселона е центар на збиднувања во мобилната индустрија додека на Светскиот мобилен конгрес се претставуваат паметни телефони, часовници, таблети како и други уреди и интересни мобилни решенија. Едно од таквите решенија е бродот без екипаж, кој се управува далечински преку 4G и 5G мрежа.

Брoдот заеднички го развија Ericsson, China Mobile и OceanAlpha, а на MWC беше прикажано како се управува бродот. Посетителите на штандовите на саемот можат да управуваат со бродот кој беше поставен во посебен базен на десетина километри од саемот. На бродот се наоѓа и HD камера, од која се емитува слика во реално време. Оваа демонстрација привлече многу посетители на MWC.

- Advertisement -

Со ваквиот брод брзо и лесно може да се реши проблемот со загадувањето на морето со собирање и анализа на податоци, идентификација на примероци и брз реакција. Од Ericsson велат дека ова се првите чекори кои ни покажуваат на кој начин 4G и 5G мрежите можат да се користат за да и помогнат на нашата планета.

Овој брод целосно ќе го промени традиционалниот начин на хидролошки истражувања и следење на квалитетот на водата, а ќе ги намали и трошоците и ќе ја зголеми прецизноста на податоците. Преку 5G технологија бродот може да врши мерења од морската површина, да го проверува квалитетот на водата, да користи апликации и автопилот.

Сподели!
- Advertisement -