Индија гради целосно нов град, финансиски центар по теркот на Хонгконг и Сингапур

- Advertisement -

Индија гради целосно нов град. Новиот град е дизајниран со цел да и помогне на Индија да се натпреварува со регионалните и интернационалните финансиски центри како што се Хонгконг и Сингапур. Тимот кој стои зад проектот се надева дека ќе успеат да ги привлечат глобалните фирми со врвната инфраструктура, како и со понудата на млад и квалитетен индиски кадар.

Ова е многу голема можност за Индија. Финансискиот сектор во земјата постојано расте и би можел да генерира 11 милиони работни места и да придонесува со 400 милијарди долари во БДП до 2020 година. Планот е да се изгради Централен бизнис кватрт (Central Business District – CBD) помеѓу Ахмедабад и Гандинагар на западниот дел од Индија, кој ќе има врвна конектираност, инфраструктура и транспортни врски.

- Advertisement -

Со привлекување интернационални инвестиции девелоперите на градот проценуваат дека ќе можат да обезбедат еден милион директни и индиректни работни места за индиското население на полето на пазарите на капитал, трговијата и ИТ. Исто така, се надеваат дека градот ќе го искористи брзиот економски раст, особено имајќи предвид дека ММФ предвидува раст од над 7% за тековната фискална година која завршува во март 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -