Македонскиот старт ап Laika ќе го порази LinkedIn на Балканот

- Advertisement -

Флуктуацијата на вработени во Tech индустријата е огромна. Компаниите не наоѓаат луѓе за отворените работни позиции со месеци. Tech професионалците бараат работа која навистина ќе ја сакаат. Не им се важни само парите туку предизвикувачките проекти, можноста за раст, добрата работна етика и супер тимот. LinkedIn и локалните огласници се ок – но, не го решаваат проблемот.

Тим од 12 програмери, сериски претприемачи, geeky маркетери, дизајнери и ентузијасти за ИМПАКТ од Скопје и Балканот под името Laika, лансираат платформа во Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска наскоро, за да ги уништат старите начини за вработување. На Laika, Tech професионалците се анонимни, и добиваат понуди за работа од најдобрите IT компании од Балканот. Laika смета дека е време компаниите да престанат да испраќаат *нерелевантни* понуди на LinkedIn.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Како функционира?

Една од многуте уникатноста на Laika e штоTech професионалците ја користат платформата бесплатно, дури и оние љубопитните кои не бараат работа во моментот. Tие се 100% анонимни додека не видат кој сака да ги вработи и под кои услови – пред да го откријат својот идентитет. Внесуваат вештини во што се добри, поставуваат услови како плата, работна позиција, тип на вработување, технологии со кои работат, колеги и локација (некаде на Балканот или од дома). Компаниите им аплицираат на талентите или обратно, а благодарение на достапните информации, можат да дознаат повеќе за условите пред да ја донесат одлуката за вработување.

- Advertisement -

 

Програмерите, Дизајнерите, Маркетерите и другите Tech таленти се нашата гордост. Ветувањето на Laika е дека секогаш ќе бидат на нивна страна во барањето на подобри услови. Професијата треба да биде убав и креативен дел од животот, од првото вработување до високите сениорски позиции – бидејќи животот е многу краток и не нуди простор за негативност кон работата и создавањето.

Преку Laika, компаниите ќе имаат уникатна можност да се поврзат со најперспективните таленти од сите 4 држави и да ја раскажат својата автентична приказна. Ќе научат како да привлечат нови вработени, да се позиционираат како префериран работодавач, како да ги задржат сегашните и како да инспирираат добри препораки. Ќе можат да го претстават тимот, културата, канцелариите, технологиите и проектите. Ќе ја оживеат компанијата за да покажат дека се најпосакувано место за работење дури и за пасивните баратели на работа. Ќе добијат увид во интересот за компанијата, со препорака како да се подобрат и како да ја оптимизираат секоја точка од процесот на вработување. Ќе дознаат кој канал функционира а кој не – за да имаат поголем фокус на задржување на постојните вработени.

Во моментов има 30 компании кои го тестираат овој продукт, а согласно капацитетот само 100 компании ќе бидат одбрани да се приклучат во раната фаза. Проактивните заинтересирани компании кои сакаат да се приклучат веднаш можат да пристапат тука.

Извршниот директор на Laika – Александра Јанакиевска, состави тим инспириран да го трансформира Балканот. По 2 успешни години во Brainster каде беше CMO, маркетинг инструктор и кариерен ментор на студентите, реши да се фокусира на пазарот на труд. Ентузијазмот на Александра е изразен преку следнава изјава по повод лансирањето на Laika: ,,Има толку многу критични проблеми кои треба да бидат решени и можеби ова не е најважниот. Но кога проблемот ќе те најде тебе, мораш да ја земеш работата во свои раце. А знаеме дека ниту еден проблем не е претежок ако си упорен”

Ветувањeто на Laika:

  1. Laika ќе биде ЗАСЕКОГАШ БЕСПЛАТНА за Tech професионалците
  2. Никогаш нема да споделуваме лични податоци со никого
  3. Ќе се грижиме за доброто на нашите корисници
  4. Ќе реинвестираме 5% од профитот за проекти за заедницата
  5. Ќе се бориме да ги обезбедиме најдобрите можности
  6. Ќе спонзорираме независни програмери во решавањето на општествени проблеми

Ова е нашиот манифест.”

Laika ќе биде лансирана во Април 2019та. Побрзај и регистрирај се да бидеш еден од првите 1000 таленти кои ќе имаат можност да ја истражат веста за лансирањето со пријателите, а можеш да освоиш и кул награди.

Сподели!
- Advertisement -