Копенхаген го доби првиот хотел во светот кој самиот се чисти

- Advertisement -

Денес можете да престојувате во high-tech хотел во речиси сите делови од светот и можете да гледате вести на паметното огледало во вашата соба или да добиете виртуелен личен тренер. Но, доколку престојувате во хотелот Отилија во Копенхаген, ќе добиете соба која самата целосно се дезинфицира секое утро.

Хотелот е направен во партнерство со данската компанија ACT.Global и во него в вградена технологијата ACT CleanCoat. Станува збор за спреј која е провиден, без никаков мирис и се активира со сончева светлина. Главната состојка, титаниум диоксид, исто така се среќава во кремите за сончање.

- Advertisement -

Дански национални истражувачки организации како што е Данскиот национален истражувачки центар го тестираа спрејот и се покажа дека може да ги разложува микробите од грипот и самонелата на мали безопасни спори и алергени.

Доколку една соба се прекрие со ваква невидлива изолација, ќе добиете просторија која сама се чисти во период од речиси една година и отсранува се од воздухот како што се загадувачите или чадот од цигари или некои други мириси.

- Advertisement -

„Системот го тестираме две години. Оваа невидлива технологија можеме да ја споредиме со таа на Teflon“ велат од компанијата која го поседува хотелот Отилија, Brockner Hotels. Технологијата за прв пат беше тестирана во хотелот Херман, а сега и двата хотели се првите хотели во светот кои можат да се чистат самите.

„Она што најмногу ни се допадна беше олеснувањето за нашиот персонал. Хигиеничарките не мора повеќе да користат хемиски детергенти и друди средства за чистење или да ги вдишуваат гасовите кои испаруваат. Тие можат да исчистат со правосмукалак, да ги исперат постелнините и да избришат прашина, а CleanCoat ќе го заврпи остатокот од работата“ велат од Отилија.

- Advertisement -

И гостите имаат бенефит од технологијата. Нивните соби ќе бидат чисти без употреба на хемикалии кои предизвикуваат алергиски реакции. Од Brockner Hotels проценуваат дека за една соба да се прекрие со CleanCoat чини околу 3.700 долари. „Технологијата е скапа, но обврските на хигиеничарките се намалени за 50%. Дополнителен бенефит е тоа што се кратат трошоците за одржување. Бидејќи не користиме хемикалии, нема опасност да уништиме некој тепих“ додаваат оттаму.

Хотелот има 155 соби и е сместен во две згради на стара пиварница на Carlsberg. И изгледот на Отилија со тркалезните прозорци потсетува на пивски шишиња, а локацијата во Карлсберг е една од најдинамичните во Копенхаген.

Сподели!
- Advertisement -