5G – невозможен сон за 4 милијарди корисници!

- Advertisement -

5G последниве години е многу жешка тема во целиот свет. Иако е возбудлива и заслужено привлекува внимание, вистината е дека нема да биде достапна за 4 милијарди луѓе во светот. Тие луѓе можат само да сонуваат за економските бенефити кои ги овозможува 5G! Анализа на Марк Роден, CEO на компанијата Ding специјално за Иновативност

Автор – Марк Роден, CEO на компанијата Ding

Размислете малку за тоа. Најверојатно половина од светската популација нема да може да ги користи економските можности на 5G кои ќе ги имаат на дофат на рака тие што живеат во развиениот свет. Убаво е да се слушаат дискусиите на 5G на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, но мора да почнеме да разговараме и за тоа како да им помогнеме на тие 1,7 милијарди луѓе кои во моментот немаат ништо подобро од 3G конекција и се исклучени од она што го нуди дигиталниот свет.

- Advertisement -

Сите зборуваат за уреди кои веќе се опремени со технологија за 5G, но прашањето е дали сме ние подготвени за тоа како општество? Многу мигранти кои работат во странство немаат сметки во банка и користат други платформи за испраќање кредит за телефон за семејствата дома. На пазарите во развој како што е Гватемала  најголем дел од мобилните телефони се припејд и 70% од нив немаат кредит најголем дел од времето, што значи дека не можат да се користат за повици или да се приклучат на Интернет. Тоа е проблем кој Ding помага да се реши.

Ding  е компанија основана со цел да го смени животот на милијарди луѓе така што ќе го забрза мобилниот пристап. Како број еден top-up платформа во светот, Ding ги одржува луѓето во контакт едни со други од 2006 година, кога беше лансирана услугата која беше прва од тој вид во светот. Денес Ding има милиони корисници кои глобално имаат испратено повеќе од  300 милиони кредити за телефон преку апликацијата, онлајн преку Ding.com или преку некој од 600.000 малопродажни трговци во светот.

- Advertisement -

Бројот на припејд мобилни телефони постојано расте и денес 76% од вкупно 5 милијарди телефони во светот се припејд, од кои една четвртина се офлајн и постојано имаат потреба од кредит. Токму затоа е потребна Ding и нивната услуга за инстант кредит за телефон. Ding префрла кредит на телефон секоја секунда преку повеќе од 500 оператори во светот во над 140 земји глобално и им помага на семејствата и пријателите за останат во контакт.

Ding има седиште во Даблин, Ирска и регионални канцеларии во Барселона, Букурешт, Дака, Дубаи, Њу Џерси, Мајами, Париз и во Сан Салвадор. Мешаниот состав на тимот на Ding составен од 200 вработени е само одраз на посветеноста на компанијата да нуди врвни револуционерни технологии кои ќе ги сменат животите на луѓето во развиениот свет и на пазарите во развој.

- Advertisement -

Неодамна компанијата спроведе истражување за подобрo да го рaзбереме менталниот склоп на мигрантите и за што се користат парите што ги испраќаат дома. Истражувањето покажа дека тие пари ги зголемуваат приходите на примателите за 30% до 100% и најчесто се користат за комуналии, образование, комуникација и транспорт. Кога семејствата ќе ги задоволат основните потреби, остатокот од средствата го користат за набавка на некоја мрежна услуга. Според Обединетите нации, 80% од возрасните имаат мобилни телефони и поради се поголемата миграција во светот, основна човекова потреба станува одржувањето контакт со челновите од семејството кои заминале некаде по работа.

Сепак, 2 милијарди луѓе живеат во земји каде што уште не можат да си дозволат 1GB Интернет, затоа што тоа ги чини повеќе од 10% од месечните примања. Многу земји во развој исто така немаат соодветна инфраструктура за да обезбедат 5G и ОН проценуваат дека 2,5 милијарди луѓе живеат на места каде што нема добра електрична мрежа и честопати немаат воопшто елетрицитет. Недостигот од инфраструктура и немањето доволно стaници за мобилни услуги е предизвик зс корисниците на мобилни телефони, исто како и неможноста да ги наполнат батериите на телефоните и да патуваат големи растојанија за да добијат пристоен сигнал на телефон за едноставно да можат да разговараат со некого по телефон.

[quote]80% од возрасните имаат мобилни телефони и поради се поголемата миграција во светот, основна човекова потреба станува одржувањето контакт со челновите од семејството кои заминале некаде по работа[/quote]

Истражувањето покажа и дека 84% од мигрантите се сомневаат дека 5G ќе дојде во нивните татковини со големо задоцнување зад развиениот свет, а една третина од учесниците во истражувањето изјавиле и дека дома се уште немаат ниту 4G технологија. Тоа е случај во Супсахарска Африка, каде што нема ни навестување за 5G и многумина уште имаат пристап само до 2G технологија. 3G ќе биде достапна како доминантна технологија во Супсахарска Африка во наредните неколку години и до 2025 година 60% од конекцијата ќе биде таква. Има инвестиции во 4G, но тие само ќе помогнат процентот на таква технологија да се зголеми од 4% на 25% до 2025 година. Нема трага на хоризонтот од 5G.

[quote]2 милијарди луѓе живеат во земји каде што уште не можат да си дозволат 1GB Интернет, затоа што тоа ги чини повеќе од 10% од месечните примања[/quote]

Поседувањето смартфон исто така ќе се зголеми во развиените пазари. Денес во Индија најмалку се користат смартфони – само 24%, додека Бразил и Јужна Африка имаат најмногу корисници на смартфони – дури 60%. LTE можеби ќе замине од развиениот свет, но во земјите во развој допрва ќе се усвојува оваа технологија поради многу фактори како што се ниските приходи на луѓето и неможноста да платат за такви услуги. Несомнено, финансиите се најголемата пречка за луѓето да не можат да стават кредит на телефон и да им праќаат мигрантите од странство. Во однос на она што го префериираат тие луѓе во поглед на мрежата, квалитетот е на прво место, а потоа следува цената.

5G ќе го смени светот на многу начини. Според претседателот на Qualcomm, кој имаше обраќање на Светскиот мобилен конгрес во Барселона, веројатно годинава ќе почне да станува достапна таа технологија, а во наредните 5-10 години ќе се прошири во развиениот свет и уште повеќе ќе го зголеми јазот меѓу општествата. Во еден свет каде што миграцијата е реалност и неопходност, компанијата Ding на семејствата во земјите во развој им овозможува да користат обичен мобилен телефон. На 5G ќе мора уште да почека најголем дел од популацијата во светот.

Сподели!
- Advertisement -