Volvo го претстави првиот автономен електричен автобус во светот

- Advertisement -

Volvo во Сингапур претстави револуционерен автономен автобус кој веќе се тестира пред да почне да вози по патиштата во Синагпур. Автобусот е долг 12 метри, собира 93 патници, од кои 57 можат да седнат. За разлика од обичните автобуси во јавниот транпосрт во светот, ова електрично возило има нула емисија на гасови и троши 80% помалку енергија отколку дизел автобуисте со иста големина.

„Со гордост го прикажуваме нашиот електричен автобус со технологија за автономија. Ова е клучен чекор за ова индустрија и чекор поблиску до остварување на нашата визија за почисти, побезбедни и попаметни градови“ изјави претседателот на Volvo Buses, Хакан Агневал.

- Advertisement -

Автобусот е дизајниран во соработка со сингапурскиот Технолошки универзитет Нанјанг. Автобусот користи сензори и навигациска контрола кои се управувани од вештачка интелигенција. „Патот до целосна автономија е сложен и нашето партнерство со универзитетот е суштинско за остварување на визијата” додаде Агневал.

Автобусот е опремен со сензори за детекција на светлина и LIDAR камери кои прават слики во 3Д и глобален навигациски сателитски систем. Сателитскиот систем е сличен на GPS, но користи податоци од различни извори за да обезбеди прецизност до сантиметри. Посебен уред ја мери брзината и движењето на автобусот. Тоа ја подбрува навигацијата на автобусот по нерамен терен и околу остри рабови,

- Advertisement -

Моментално по улиците на Сингапур се тестираат два автобуси – еден на кампусот на Технолошкиот универзитет, а другиот на депо за автобуси. Податоците од тестирањето ќе се искористат за подобрување на технологијата пред да се стават во функција автобусите.

Сподели!
- Advertisement -