Eмилија Стојменова Дух, Македонка со светска кариера во дигитализација и нови технологии!

- Advertisement -

Емилија Стојменова Дух e Македонка со светска кариера. Во моментов работи како електроинженер во Лабораторијата за телекомуникации на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана. Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, а е и директор на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia. Особено е активна во иницијативата за „паметни села“, која се имплементира под чадорот на Европската комисија и Европскиот парламент. Таа ја претставува Словенија во мултирегионалниот проект #HiddenNoMore на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на битни позиции во науката, технологијата и математиката.

Разговараше- Верица Јорданова

По завршување на вторa година во природно-математичката гимназија во Виница се преселила во Марибор, Словенија. Од Агенцијата за развој на кадри во Словенија  добива стипендија за програмата Меѓународна матура во Втората Гимназија во Марибор каде го завршува средното образование. Потоа студиите по електроинженерство ги продолжува на Универзитетот во Марибор иги завршува како најдобар студент..

- Advertisement -

Во интервју за Иновативност зборуваме за нејзината работа и живот во Словенија, за можностите кои ги отвораат дигитализацијата и врвните телекомуникациски технологии.

Нејзин главен интерес е ТЕХНОЛОГИЈАТА која е навлезена во сите сфери на живеењето, во сите индустрии и денеска е практично невозможно да живееме или работиме без примена на некоја технологија. Затоа интервјуто го почнавме со прашањето дали треба да се плашиме од технологијата и роботите?

- Advertisement -

Оние луѓе кои така размислуваат не ја сфаќаат поентата. Роботите ќе ги преземат работите кои се опасни и тешки, додека луѓето ќе ја вршат другата работа. Денес сите ние сме многу зафатени, населението старее, па на постарите луѓе ќе им треба помош која ќе можат да им ја обезбедат само луѓето. Освен тоа, мора да земеме предвид дека работните места се менуваат. Роботите нема да можат да им ги украдат работните места кои уште не постојат или не се креирани. Секако дека е полесно да се замисли како постојните работни места може да се изгубат отколку дека ќе се создадат нови кои допрва ќе се осмислат.

Неодамнешно истражување на аналитичката куќа Deloitte покажа дека 800.000 луѓе ја изгубиле работата во Велика Британија поради автоматизацијата и вештачката интелигенција. Но, истовремено биле создаде нови 3,5 милиони работни места. Слична е ситуацијата и во Словенија. Преку екстензивна и ефикасна автоматизација и роботизација на производните процеси компанијата KLS Ljubno  ја зголеми конкурентноста и доби нарачки кои овозможија развој раст на вработените за повеќе од 50% и раст на платите за една петтина над просечната плата во Словенија.

- Advertisement -

Дали ова значи дека технологијата нема негативно влијание? Зависноста од Интернет и од социјалните мрежи е повеќе од евидентна и влијае на намалување на меѓучовечките интеракции. Како понатаму?

Има многу негативни страни, како што се кражбата на податоци и на идентитети. Технологијата е како нож, може да биде корисна алатка или опасно оружје. Но, ако сме свесни за предностите на технологијата и ги користиме што е можно поефективно со соодветна заштита од недостатоците и ризиците, резултатите ќе бидат одлични. Кога се преселив во Словенија во 2003 година имав 16 години. Тогаш беше многу скапо да се разговара на мобилен телефон. Со моите родители, кои дотогаш немаа користено компјутер, главно комуницирав преку IRC, кој беше популарен во тоа време. Сега многу патувам, но не морам постојано да им кажувам на родителите каде сум зашто ме следат на Facebook. Мајка ми вели дека кога ги гледа моите објави, знае дека сум стигнала безбедно и дека се е во ред. Благодарение на социјалните мрежи и на Skype моите родители секој ден комуницираат со својот внук. Што се однесува на зависноста од Интернетот, телефоните и од другата технологија, ние сме тие кои можат и мора да знаат да речат кога е доста. Значи, самоконтролата е најбитна. Кога станува збор за децата, пак, родителите мора да ги поставуваат границите!

Вие ја раковидите FabLab лабораторијата за телекомуникации на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана? Што се работи во оваа лабораторија?

Има повеќе од 1.200 Fablabs во повеќе од 100 земји во светот. Станува збор за концепт кој е резултат на иницијатива на Институтот за технологија на Масачусетс.. Концептот е едноставен, Fablab е место со соодветна инфрастрктура – компјутери со брз Интернет, 3Д принтери, CNC машина и некоја друга опрема, чија вредност не надминува 20.000 евра. Такви места може да се најдат во речиси секое село кое е сака да соработува: културен центар, училиште, административната зграда и сл. Исто така, некои компании ни ја даваат таквата опрема на користење кога не им треба. Луѓето кои ги развиваат своите идеи со ментор работат во fablab лабораторија и во во Словенија сега има 28 такви локации.

Во fablab лабораторијата на Факултетот за електроинженеринг во Љубљана имаме развиено автономен робот на четири тркала за употреба во земјоделството. Може да се движи на секаков терен (лозови насади или нива со компири или пченка), може да детектира болест и соодветно на тоа да примени заштита. Тука направивме и мала метеоролошка станица за микролокација затоа што квалитетот и влажноста на воздухот варираат од локација до локација во ист град. Исто така, беше направена и микробранова печка која чини неколку десетици евра. Студентите ја модифицираа за да може да се користи за производство на електрични кола за модерни електронски уреди.

Има ли иницијатива  да се развијат вакви лаборатории и во Македонија?

Нашиот универзитет соработува со Универзитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје и со Универзитетот Гоце Делчев во Штип , со кои изведовме неколку проекти, меѓу нив и еден голем европски проект. Соработката со колегите од Македонија ми е особено драга затоа што така одржувам врска со своите корени. Преку таквата соработка се трудиме да разменуваме добри пракси меѓу државите. Моментално соработуваме со лаборатории во Франција, Ирска, Финска и Италија. Нашите колеги од Македонија ја познаваат иницијативата. Во Штип беа направени првите чекори. Кај нас постои голем интерес такви лаборатории да се развијат и во Македонија и да се оствариме добра соработка преку размена на ментори, заеднички развојни проекти….

Вклучени сте во “Паметни села“, проект инициран од Европската комисија за паметни села. Каков проект е тоа? 

Во мојата група на Факултетот за електротехника се вклучени 13 истражувачи кои главно се занимаваат со тоа како дигитализацијата и новите технологии можат да придонесат за развојот и зголемувањето на популацијата во руралните средини. Групата не се состои само од инженери, туку и антрополози, ИТ експерти, архитекти итн. Во Словенија и секаде во Европа млрадите луѓе ги напуштаат руралните средини и населението таму старее. Младите мислат дека постојните инвестиции во земјоделството не се доволно привлечни за нив за да останат на село. Заклучок на комисијата е дека за да се смени ситуацијата треба да се обезбедат услуги и содржини кои може да се најдат на Интернет за да се промени сликата.

Кажете ни некои позитивни примери кои може да се истакнат во проектот „паметно село“?

Во цела Европа има многу примери за паметни села. Многу од нив се претставени во каталогот кој го подготвува Европската мрежа за развој на руралните подрачја – ENRD. Во Словенија во пректот паметни села, кој го координирам имаме три одлични пилоти. Во еден од нив, во селото Zgornja Kungota има клучна улога меѓугенерацискиот центар. Локалните жители и претприемачи со заеднички средства и труд и со помош од ЕУ преуредиле стар објект кој мометално служи за квалитетно дружење на различни генерации. Овде може да се видат пензионери кои учат нови јазици и вештини и млади кои свират на различни инструменти  како и земјоделци кои ги претставуваат своите производи, но и рекреативни спортисти од сите генерации. Пензионирана готвачка готви за сите нив, а секој од нив волонтесрски учествува во поделба на трошоците. Имаат заеднички автомобил кој го користат сите на кои им е потребен . Со помош на европски средства обезбедивме ИТ опрема со кој имаат пристап до брз интернет со што се зголемуваат можностет за развој на иновативност, локално претприемништво и туризам.

Друг одличен пример е селото Падна во близина на Порторож, на словенечкиот брег на Јадранското море. Мало сел со 80 жители кое нуди таканаречен “расфрлан хотел“ Секој кој има слободна соба во својат а куќа станува дел од хотелот. Сите локални производители на храна го снабдуваат хотелот со локална храна. Локалниот плоштад станува ресторан итн. Селото е толку познато што туристи од целиот свет кои доаѓаат во Копар со турсистички бродови, одат со автобус до селото за да доживеат уникатно искуство.

Во Македонија, како и во Словенија Интернетот е достапен речиси насекаде. Но, се чини тоа не е доволно за една мала земја, како Македонија да биде технолошки напредна и тоа да и донесе конкурентска предност. Моѓе ли од успесите и искуствот на Словенија да ни кажете што може да научи и да примени Македонија како позитивно искуство?

Според мене, и Словенија и Македонија имаат сличен предизвик, а тоа е недостигот на дигитални компетенции. Без нив не можеме ефикасно да ги искоистиме сите предности кои ги нуди интернетот и останатите технологии.  За да го решиме тој предизвик во Словенија почнавме со fablabs и стратешки партнери, меѓу кои се Универзитетот на Љубљана и Универзитетот на Марибор, и ја основавме Digital Innovation Hub Slovenia. Тоа е национален проект за дигитална трансформација и развој на дигиталните способности, кој се состои од три столба. Првиот е наменет за економијата: компаниите се запознаваат со предностите на дигитализацијата и им помагаме со дигиталната трансформација. Вториот столб е за образованието: како да се промовира поефективно и покреативно учење базирано на новите технологии. Општините се третиот столб:. Тие поседуваат многу податоци, но често не знаат како да ги користат. Битно е податоците да се складираат, коректно да се процесираат и да се користат.

Вашата работа е многу динамична и вклучува многу патувања. На што работите во моментот и дали имате во план некој проект во Македонија

Се занимавам со рурална дигитализација, а во слободно време работам со група експерти од различни области на апликација базирана на блокчеин технологија наменета главно за универзитетите и истражувачите. Станува збор за open-science проект и секој може да учествува. Поентата е општеството да учествува во проценката на квалитетот на истражувачкиот проект.

Сега научните трудови се оценуваат од луѓе кои не се доволно компетентни за одредена област. Со помош на апликацијата, која моментално се тестира, трудовите ќе бидат оценувани објективно и оценката ќе биде давана според тежината. Нашата алатка има пристап до различни датабази кои содржат повеќе од 200 милиони објавени научни трудови, патенти, вести и сл. Исто така, детектира кога некој објавен труд ќе биде повлечен. Може да се случи објавени написи да се повлечат поради неточни или лажни информации. Бидејќи детекцијата на повлечен труд досега не беше добра, многу истражувачи цитираа такви извори или на нив го базираа своето истражување.

Како што веќе споменав, со задоволство би работела на проект со колеги од Македонија. Особено блиски ми се проектите за дигитализација и секако FabLab. Тоа се проекти кои од една страна се комплексни и бараат соработка со многу засегнати страни, а од друга страна имаат големо влијание на развојот на целото општество и можат да предизвикаат конкретни позитивни промени.

Сподели!
- Advertisement -