Од 80 милијарди од “Хоризонт 2020“ Македонија искористила 7,3 милиони евра

- Advertisement -

Од вкупно достапни 80 милјарди евра од европската програма „Хоризонт 2020“, домашните компании за седум години искористиле едвај 7,3 милиони евра. Долгите административни процедури, слабиот капацитет на фирмите и недоволно иновативните идеи сe главната причина за слабата искористеност

Од Стопанската комора на Македонија велат дека по влезот на земјава во ЕУ фирмите на располагање ќе имаат многу повеќе можности и пари за кои ќе треба да се оспособат за да можат да ги користат. Пречка се и финансиските средства кои треба да ги вложат за реализација на инвестицијата. Затоа е потребно формирање на посебен Гарантен фонд. Тие сметаат дека искористеноста на овие фондови е се` уште многу мала (околу 20%) заради огромната документација, сложеноста на апликативниот процес, но и покрај тоа неопходно е компаниите да се охрабрат и да влезат во процес на аплицирање пред се` затоа што тоа значи нивна подготовка за искористување на многу поголеми фондови кои ќе бидат достапни со отпочнување на самите преговори но и по влезот во Европската унија кога на располагање ќе ги имаме кохезионите и структурните фондови

Кога зборуваме за комплицираност на апликативните процедури и самата апликацаа како таква, тие навистина се големи и долотрајни и бараат многу информации. Придонесува може би за обесхрабрување но тоа е нешто што мора да се навикнеме и да го применуваме почесто во иднина“, рече Јадранка Аризанковска, Стопанска комора на Македонија.

- Advertisement -

Од Комората велат дека од освен малата искористеност на средствата од програмата Хоризонт 2020, за инструментот за мали и средни претпријатија кој е дел од оваа програма ниту една македонска фирма досега не успеала да добие пари. И реализацијата на ИПАРД не е завидна, иако бележи зголемување. Од 2007 до 2014 година била 17 отсто за ИПАРД 1, а за ИПАРД 2, од 2014 до 2020 досега е 22 проценти.

Програмата „Хоризонт 2020“ претставува финансиски инструмент на ЕУ со кој се поддржуваат истражувањето и иновациите, со крајна цел за економски раст,  креирање на нови работни места и конкурентност. Располага со буџет од над 80 милијарди евра за период од  2014 до 2020 година. За овој двегодишен период ( 2018-2020) на располагање се 30 милијарди евра.

- Advertisement -

Програмата „Хоризонт 20 – 20“ за истражување и иновации што во периодот 2014 – 2020 година беше проектирана на 80 милијарди евра за сите европски земји, по 2021 година ќе биде реименувана во „Хоризонт Европа“ и ќе има буџет од 100 милијарди евра. За приватниот сектор кофинансирањето од европските фондови е 50 – 70 проценти, а за институциите и до 100 отсто.

Сподели!
- Advertisement -